ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Чест ми е што ја добив довербата, но со тоа расте одговорноста да се одблокира Собранието

March 4, 2021 12:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска од Штип порача дека со довербата за неговата Влада што ја доби вчера во Собранието, расте и неговата одговорност да се одблокира Парламентот, по законски основи, по пат на Деловник и по пат на разговори.

-Голема чест е што добив доверба, навистина првпат премиер ја користи деловничката алатка од членот 217 став 2, и сам да побара доверба. Јас сум среќен, сум благодарен за поддршката од мнозинството во Парламентот заради тоа што тоа е основа за да продолжиме да работиме. Пред се сум благодарен што сета оваа неизвесност ја тргнавме од граѓаните. Долг период, три-четирири, ако не и шест месеци, имаме закани дека не постои парламентарно мнозинство, дека Владата ќе падне, а тоа влијае на целиот народ, влијае на економијата, на администрацијата, на Владата, овие облаци, оваа магла ја тргнавме, и тоа е многу значајно заради општествените придобивки, рече Заев.

Изрази жалење за клучни закони што се заглавени во Собранието, меѓу кои, како што рече, најважни се Законот за енергетска ефикасност, со кој имаме 25 милиони евра за државните институции и 10 милион евра за општинските институции.

-Вториот е 50 милиони евра од Светска банка за земјоделството, во откупни пунктови Струмица, Скопје и Ресен, ама најголемата суштина и придобивка на проектот е зголемување на продуктивноста во земјоделието, како од еден хектар со помалку трошоци да имаме поголемо производство, како да го осовремениме нашето земјоделие, истакна тој.

Натаму тој го спомена и трамвајот на тркала за Скопје, што чини 70 милиони евра. -Нема тука потреба од натегање меѓу опозиција и власт. Дај сите да застанеме, брзо да го изреализираме тоа. Да не зборувам за законите од областа на културата, на здравството, од петтиот пакет помош директно кај граѓаните. Тоа е недозволиво. Нема да дозволам како претседател на Влада блокада во Собранието, порача Заев.

Најави дека во наредните денови ќе најави и нови политики, со цел конечна цел, како што рече, поголем напредок, зголемена ефикасност во државата, соработки, инклузија, коопперативнот на ниво на консензус.

Собранието вчера попладне и изгласа доверба на Владата, откако претходно тоа од пратениците усно го побара премиерот Зоран Заев. Опозицијата не присуствуваше на седницата за време на гласањето, а доверба на Владата и дадоа 62 пратеници. Образложувајќи ги причините зошто го преземал овој чекор, Заев рече дека нивната единствена меница е довербата на граѓаните на изборите и владината програма со силна политичка волја за континуитет во спроведувањето на заеднички прифатените стратешки приоритети на нашата земја. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека премиерот вчера ја искористил неговата изолација бидејќи е ковид позитивен и со гласањето за доверба на Владата во Собранието само си купил броени денови за неговата Владата.

извор: МИА

Next Post

„Тука живеам, одлучувам, постојам“ – кампања за пописот 2021

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk