ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи од утре во работна посета на Рим и Ватикан

March 7, 2021 10:31
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, од утре ќе биде во работна посета на Италијанската Република и Светата Столица. Во рамки на посетата на Италија, Османи ќе оствари средба со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Луиџи Ди Мајо, а во агендата е предвиден и состанок со членовите на Комисијата за надворешни работи при Долниот Дом на Парламентот, предводени од претседателот на Комисијата, Пиеро Фасино. 

На средбите, како што соопшти денеска МНР, се очекува да бидат отворени прашањата поврзани со билатералните односи, иднината на процесот на проширување на Европската унија, и во тој контекст, поддршката од страна на Италија за почеток на преговорите на Северна Македонија. Покрај политичките релации меѓу двете земји, на средбите ќе бидат опфатено продлабочувањето на економските односи, како и секторската соработка во останатите сегменти на општественото живеење. 

-Истиот ден, Османи ќе оствари посета и на Светата Столица каде ќе има средба со ватиканскиот секретар за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер. Покрај можностите за унапредување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Светата Столица во области од взаемен интерес, а ќе се разговара и за теми засновани врз значајни историски врски, споделени културни вредности и заеднички духовно традиции, се вели во соопштението од МНР. 

Во рамките на посетата на Италијанската република, Османи ќе се сретне и со претставници на здруженијата на нашата дијаспора, активни во Италија, со кои ќе размена информации за темите од нивен интерес, за нивните потреби, но и идеи. Во фокусот на овие средби ќе биде и пописот на нашите граѓани во странство, и начините за анимирање на што е можно поголем дел од дијаспората во овој процес. /МИА/

Next Post

Трите хероини од штипското Инфективно одделение

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk