„Јас оваа Влада стално ја критикувам во поглед на економските политики, но во врска со еврообврзницата ќе ја пофалам. Оваа камата што се доби е навистина добра. Има едно непишано правило – ако каматната стапка на јавниот долг е пониска од стапката на раст на БДП тоа е добро, долгот ќе се намалува. Очекувањата се дека оваа година БДП ќе порасне за повеќе од 2%, што значи дека оваа камата од 1.6% нема да го зголеми јавниот долг.“, изјави во Утрински брифинг на Слободен Печат. проф. д-р Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии.
Јовановиќ истакна дека сите се погодени од пандемијата, но најповеќе сиромашните.
„Според сите економисти, според сите студии и организации најмногу во пандемијата настрадаа оние што се најзагрозени, најслабите, најранливите. Тоа се посиромашните луѓе, тоа се жените и, помладите категории на луѓе. Оваа криза некои економисти ја наеркуваат „К“ криза, односно криза во облик на буквата „К“. За едни работите одат нагоре, за другите надоле. Оние за кои работите одат нагоре се богатите. Знаеме дека најбогатите луѓе се збогатија за време на оваа пандемија. Најбогатите 10 луѓе се збогатија за 500 милијарди долари во времен на оваа пандемија, додека од друга страна 100 милиони луѓе запднаа во тешка сиромаштија“, рече Јовановиќ.