Она кое што се случи со несреќната изјава на академикот од МАНУ не изненади сите. Ние како Министерство за образование немаме надлежност во програмите на универзитетите, тие се автономни, па ние не можеме да влијаме таму. Ние ги следиме виситинитите информации пласирани од деканката дека катедрите остануваат, изјави министерката за образование, Мила Царовска, во интервјуто на „Топ тема“ на телевизија Телма.
„Наша намера и да го подигнеме квалитетот на образование на следните генерации, дури да научат и тоа што е лажна вест, а што е вистинита.
Ќе имаме поголем број студенти во иднина, преку стипендии, кои ќе се запишат на катедрите за македонски јазик, оти тие катедри се од национално значење.
Затоа мораме да ги стимулираме, а не да ги изложуваме во јавноста со лажни вести“, рече Царовска.