ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изгласани измени на Законот за тутун, рокот за откуп продолжен за еден месец

March 9, 2021 16:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска едногласно го донесе Законот за изменување и дополнување на Закон за тутун, предложен од група пратеници од владејачкото мнозинство. Сите пратенички групи се согласија дека треба да им се помогне на тутунопроизводителите и да се продолжи рокот за откуп на тутун за еден месец. Но, не изостанаа и меѓупартиските препирки, кој повеќе се грижи за тутунопроизводителите, дали власта или опозицијата.

Предлог-законот го образложи пратеникот од СДСМ Миле Талевски, кој е еден од предлагачите.

– Целта на измените и дополнувањата на Законот за тутун е да се продолжи периодот на откуп за еден месец со што ќе се надминат проблемите со откупот на тутун и ќе им се овозможи на откупните претпријатија да го откупат целокупното производство на тутун, истакна Талевски.

Тој посочи дека зголеменото производство на тутун во оваа производна година, како и проблемите кои се појавиле со откупот, на што дополнително влијаело и тоа што една од фирмите регистрирани за откуп не обезбедила финансиски средства, со што нема да може да се откупи целокупното производство на тутун во законски предвидениот рок, мнозинството поднело предлог-закон со цел да им се излезе пресрет на тутунопроизводителите и да се продолжи рокот за сиот тутун да биде откупен.

Предлагачите на измените на законот, појаснуваат дека се работи за околу 785 производители и околу 451 409 килограми тутун кој може да остане неоткупен во законски предвидениот рок и затоа се бара продолжување на рокот за еден месец.

– Ќе добиеме време да изнајдеме решение за да ја спасиме оваа лоша сезона за тутунот. Реално гледано, ние и јавно кажавме дека во петтиот пакет економски мерки, предвидени се околу пет милиони евра за тутунопроизводителите, но динамиката и начинот на исплаќање на средствата ќе се утврди откако ќе заврши целиот откуп, рече Талевски.

Пратеникот Кастриот Реџепи од БЕСА рече дека предлог-законот треба да се изгласа што побрзо и да им се помогне на тутунопроизводителите.

– Сите политички субјекти овој предлог го имаат поддржано, го продолжуваме рокот кој беше до крај на февруари, откако ќе го изгласаме законот ќе се овозможи уште еден месец за откуп, објасни Реџепи.

Љупчо Димовски од Социјалистичката партија изрази задоволство што ќе се реши проблемот на тутунопроизводителите.

– На 22 декември 2020 година кога ја поднесовме информацијата за тутунопроизводители, една од мерките, која ја предложивме беше продолжување на рокот оти бевме убедени дека откупувачките компании нема да се придржуваат на законски планираниот рок до крајот на февруари. Вишок на производен тутун нема, има ориентален тутун кој не беше дел од договорите. Да не навлегувам како се склучуваат и по кои услови тие договори, секако на штета на производителите, за што целосна вина сносат откупувачките компани, кои не го почитуваат дури и авторитетот на Министерството за земјоделство, рече Димовски. Тој нагласи дека и опозицијата поднела предлог-закон за тутун, но, како што рече, да не се навраќаме кој поднел, подаваме рака за добро на тутунопроизводителите.

извор: МИА

Next Post

Заев: За танго требаат двајца за оро се потребни повеќе, испраќам порака за соработка со опозицијата

НАЈНОВО

Планот на Исакман за НАСА вклучува беспилотна мисија на Марс следната година и соработка со SpaceX

November 6, 2025
Скриншот

Јапонија и САД ќе соработуваат во рударството на ретки земни метали кај островот Минамиторишима

November 6, 2025
Скриншот

Рубио и Хегсет пред Конгресот ја бранеа одлуката на Трамп за напади врз бродови со дрога

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk