Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов со својата честитка за „8 Март“ објавена вчера на Фејсбук, повторно провоцира, пренесува Слободен печат.
Честит празник!
Posted by Красимир Каракачанов on Sunday, March 7, 2021
Во Фејсбук објавата, тој поставил илустрација од мапа од Санстефанска Бугарија во чии граници влегува и денешна С. Македонија и мајка која во своите прегратки држи дете.
– Традиции, семејство и чесност. Бугарија над сѐ, напиша Каракачанов.