ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Предлог – законот за измени на Законот за државјанството денеска пред пратениците на една од собраниските седници

March 9, 2021 08:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка, во второ читање, поднесен од група пратеници е на дневен ред на една од неколкуте за денеска најавени седници на Собранието на Република Северна Македонија.

Предлог-законот го поднесоа пратениците Зијадин Села, Скендер Реџепи, Сурија Рашиди, Сафије Садики Шаини, Абдула Салиу, Елми Азири, Халил Снопче, Илире Даути, Атнан Незири, Артина Ќазими, Хусни Исмаили и Африм Гаши.

Како што е најавено пратениците треба да расправаат и по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта, по скратена постапка.

Предлогот на законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, е на дневниот ред на денешната 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија.

На дневниот ред на седницата се и Предлог – законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, Предлог-законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, сите по скратена постапка, како и Предлогот на закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, во прво читање.

Најавена е и расправа по Предлог -стратегијата за регионален развој 2020 – 2030.

На една од денешните собраниски седници ќе се дискутира и по Предлог – законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка.

Пратениците се очекува да дискутираат и по Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, како и по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, скратена постапка.

Меѓу другите точки на дневниот ред на седниците се и Предлог – законот за изменување на Законот за оружјето, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, сите во прво читање./ МИА/.

Next Post

Италија го премина прагот од 100.000 смртни случаи од коронавирус

НАЈНОВО

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025
Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk