ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рурална коалција: Голема информираност и поддршка за развој на земјоделските стопанства

March 9, 2021 15:25
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Безрезервно треба да се поддржи руралната жена да ги користи поддршката и можностите за развој на земјоделските стопанства на кои е носител, ама и сите земјоделци треба да добијат соодветна информираност за користење бенефити, субвенции, за развој на задругарството и на целото земјоделско стопанство со пласман на произведеното, велат од асоцијацијата „Рурална коалиција“ која почна мартовска кампања, за поддршката на жената-земјоделка во руралните средини.

Според Лилјана Јоноски, извршен директор на „Рурална коалиција“, пандемијата особено се одрази негативно кај жените од руралните средини.

-Според нашите истражувања, дури 84 проценти од жените истакнале дека биле погодени и имаат загуби во економските приходи, а нашата кампања е насочена спрема нивното економско зајакнување. Тоа ни беше доволно алармантен податок дека мора нешто да се преземе на теренот и дека мора многу повеќе да се поработи со оваа категорија жени. Кога прашавме дали успеале да искористат од владините мерки, од преку 160 жени испитанички од сите региони во државава, дури 92 отсто истакнале дека не користеле каква било поддршка. Причината, главно, за тоа е дека најголем дел од нив се дел од неформалната економија, односно воопшто ги нема евидентирани во системот, зашто најголемиот број се невработени, а кога станува збор за семејните земјоделски стопанства, најчесто, еден е осигуран и тоа е мажот, или, ако станува збор за регистриран земјоделец, повторно, тоа е мажот. Така, жената останува незаштитена, и од системот, а дополнително беше зголемен психолошкиот притисок поради зголемените обврски во домот и во полето, објаснува Јоноски.

Во Пелагонискиот регион има над 3 400 жени, кои се регистрирани како индивидуални земјоделки, но дури 83 проценти воопшто не користеле мерки, особено од ИПАРД програмата или од Програмата за рурален развој.

За тоа кои се формите и начините економски да зајакнат на врвот на приоритетите е информираноста.

-Најбитна е информираноста која во руралните средини недостасува. Дури, партнерски со институциите, да одиме врата до врата за да се зголеми информираноста. За секоја мерка која излегува, а каде жените имаат можност да ја користат. На пример, минатата година имаше мерка 115, исклучително наменета за поддршка на жени, носители на земјоделски стопанства. Инаку, за таа мерка дури над 56 проценти не слушнале дека постои. Иако, за почеток, средствата не се високи, околу 180 000 денари, сепак ќе дадат одреден придонес во земјоделското стопанство, вели Јоноски.

Ќе мора да се работи на задругарството, а тука, прво, треба да се врати довербата дека во здружувањето има бенефит.

-Ќе мора да се работи на здружување на жените, најчесто преку економски форми. Задругарството кај нас не заживеа, односно формирањето задруги. Има економски бенефит, да набавуваат суровини по пониски цени и да достигнат добра цена за продажба. Министерството за земјоделство лани донесе два нови правилника кои овозможуваат продажба од куќен праг. За ова, со самата регистрација, земјоделските стопанства може да користат финансиска поддршка дури до 10 000 евра. Но, за ова, информацијата најчесто е недостапна, бидејќи има одредени критериуми кои треба да се исполнат. Освен тоа, треба да се дејствува на свеста за дел од имотот, освен кај машките, да завршува и кај женските наследници за да биде погодно за вложување, инвестиции и за кредити, па и за основање нови, мали, агро бизниси, смета Јоноски.

Како што додаде задругарството е тема која долги години се заговара. Најчесто, причината се бара во недовербата, со оглед на тоа што се влечат корени од поранешните екс- југословенски задруги, кои, во најголем дел, пропаднаа. Според него недовербата во луѓето и во системот се провлече до ден-денеска и дека и тука најмногу треба да се дејствува во информирањето.

-За да се утврди дека не станува збор за истиот вид на задруги, сега се кооперативи, како што се нарекуваат кај нас. За да може точно да се увиди дека сепак постои економски бенефит, кога здружено се работи. Да се нагласат позитивните практики, зашто кај нас има задруги кои добро работат, за да може тие да се преземат од кај нас, па дури и од Регионот, а и да се користат бенефитите кои ги дава државата зашто сѐ уште постои таа мерка во Програмата за рурален развој со која пет години се покрива платата на менаџерот на кооперативата, смета Јоноски.

Што се однесува до субвенционирањето, пари има доволно, но треба да биде навремено и освен според површини, да се субвенционира произведеното.

-Субвенции и средства има доволно, а колкав е ефектот и бенефитот, е друго прашање. Можеби и таква тема треба да се отвори. Зашто, главно, субвенциите сѐ уште се даваат според површината, а не се врзани со производот. Субвенции и средства има доволно, колкав е ефектот и бенефитот е друго прашање. Субвенции има, низ годините се исплатени повеќе од една милијарда евра, но она што недостасува е навремената испалта, и ја нема кога на земјоелците им е најпотребна. Ние повеќе пати до надлежните институции сме апелирале да се изготви календар со кој ќе се знае кога се исплаќа, да биде редовна. Тоа се дел од нашите апели. За жал, најчесто се исплаќа една година наназад што е еден од најголемите проблеми со кои земјоделците најчесто се соочуваат, вели Лилјана Јоноски, извршен директор на асоцијацијата „Рурална Коалиција.

Цел месец асоцијацијата ќе го посвети на поддршката на жените во руралните средини, можноста од користење бенефити за поддршка на земјоделските стопанства и пласман на традиционалното производство.

извор: МИА

Next Post

Бајден ги запре нападите со беспилотни летала во невоени зони

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk