ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Социјалниот дијалог е многу значаен кога се разговара за политики кои што се однесуваат во делот на трудот

March 9, 2021 14:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претставници  на Економско-социјалниот совет на Република Франција, г-дин Жан-Мари Камбасерес, претседател на Комисијата за меѓународни прашања на ЕСС и Адриен Лабун, советник од истата Комисија. На средбата се разговараше  за активностите, надлежностите и значењето на Економско социјалниот совет во нашата држава, како советодавно трипартитно тело значајно за функционирање на социјалниот дијалог меѓу синдикатите како претставници на работниците, здруженијата на на работодавачи и Владата.

„Социјалниот дијалог е многу значаен кога се разговара за политики кои што се однесуваат во делот на трудот, социјалното и пензиско осигурување, политиката на пазар на труд, економскиот развој на земјата, политиката за плати, за цени, здравствена и социјална заштита, фискалната политика, безбедни услови за здравје при работа, образование, култура, стручно оспособување и сите прашања кои што имаат влијание врз социо-економските текови на една земја,“ истакна министерката Шахпаска.

Притоа од страна на министерката беа посочени активностите на ЕСС за  изминатиот период, посебно неговото значајно учество пред носењето на конечните законски решенија во време на пандемија,  економските пакети како помош за граѓаните и стопанството во време на КОВИД 19 , со цел полесно справување на последиците од него.  Потоа,информира и за  предлог законското решение  за недела да биде неработен ден, како мошне комплексно прашање кое засега голем број на чинители во општеството.  Истовремено и за  работата на работната  група на нов Предлог закон за работни односи кои треба да ги содржи современите потреби на општеството, како сезонската работа, работата од далечина, породилното отсуство, флексибилно работно време и друго.

На средбата соговорниците разговараа за унапредување на соработката на ниво на Економско социјални совети, меѓу двете држави. Нашата земја е  една од 75-те  членки на Меѓународната организација на економско социјални совети и други слични тела, во која организација членуваат земји од целиот свет.

Претседателот  на Комисијата за меѓународни прашања на ЕСС, Камбасерес, изрази  задоволство од големата ангажираност и напредок на Економско- социјалниот совет во нашата држава и подготвеност за идна билатерална  соработка со земјата  на проекти финансирани од страна на Агенцијата за развој од Франција, соработка која досега е остварена со Црна Гора и Република Србија, како земји од Балканот.

Господинот Камбасерес  истакна дека  се подготвени да помогнат  Економско социјалниот совет на Република Северна Македонија да стане членка   и на Унијата на економско социјални совети и слични франкофонски институции  (UCESIF), имајќи предвид дека нашата земја е членка на Меѓународната организација на Франкофонијата .

 

„Секоја идеја за соработка е добредојдена, подготвени сме да се официјализира предлогот, како држава имаме многу што да научиме од Република Франција. Во таа смисла секоја поддршка  која е  во позитивна трансформација на ЕСС е со цел уште поуспешно негово  функционирање  и затоа истата е добредојдено. Многу е важно улогата на ЕСС да биде суштинска, а не формална , “ порача министерката Шахпаска.

 

Next Post

Владата усвои агенда „Европа дома“ за примена на европски стандарди и вредности

НАЈНОВО

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025
Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk