ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата усвои агенда „Европа дома“ за примена на европски стандарди и вредности

March 9, 2021 14:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата денеска ја усвои Агендата „Европа дома“ во која што се преточени принципите и заложбите поставени како приоритет во владината  акција 21 со која, како што објави премиерот Зоран Заев,  е потврдена одлучноста да се имплементираат европските стандарди и вредности во секој сегмент на нашето општество.

Станува збор за агенда на Владата и за другите институци како што се Собранието, правосудните органи, Државната изборна комисија, Држваната комисија за спречување на корупцијата, како и  други агенции и комисии кои во соработка со Владата  ќе ги завршат преостанатите активности за целосна европеизација на системот и на нивната работа според стандардите на ЕУ како  наши одредници.

-Агенда дома е своевиден роковник со утврдени активности и нивни носители кои во точно одреден рок треба да ги завршат своите обврски  за да ги унапредиме институциите и системоѕ. Преку тоа граѓаните  ќе добијат подбри услуги и подбар живот и уште еднаш да докажеме дека Сецерна Македонија го заслужува местото  во ЕУ и дека природно припаѓа во европското семејствонарод, рече  Заев на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања  Никола Димитров, на која присуствуваат и вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министрите за правда и за финансии Бојан Маричиќ и Фатмир Бесими.

Документот е подготвен врз основа на обврските кои сме ги во рамките на заедничките тела меѓу Северна Македонија  и ЕУ а кои произлегуваат од Спогодбата за стабилизација и асоцијација и препораките на Европската комисија.

Документот го подготви вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров со тимот на  Секретаријатот за европски прашања.

За секоја приоритетена област, посочи Заев, се наведени прецизни цели и надлежни институции, како и рокови за нивна реализација, додека документот е консултиран со невладини организации кои работат во областа на евроинтеграциите како и со Делегацијата на ЕУ.  

– Оваа граѓанска Влада успеа да ја постави земјата на патот на безбедноста и сигурноста и постигна значителен напредок во клучните политички и економски области. Тој напредок е признат од сите наши стратешки партнери. Станавме 30-та членка на НАТО и добивме едногласна безусловна препорака од Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори, нагласи Заев.  

За жал, посочи Заев, поради недавање на согласнот од една земја-членка за одобрување на рамката за преговори, првата меѓувладина конфернеција за официјлано започнување на преговорите се уште се нема случено.  

– Долго сме во процесот и секако нема да запреме. Се соочуваме со предизциви, но нема да бидеме обесхрабрени. Продолжуваат политичките и дипломатски напори и обиди за отсранување на ветото од Бугарија. Кога сме посветени и сплотени резултатите ќе дојдат, рече Заев.  

Продолжуваат и реформите, посочи Заев, со кои европските стандарди ги внесуваме дома, во нашиите институции за да ги ползуваат нашите граѓани и затоа документот Агенда Европа дома  се потпира на новата методологија и кластерот темели.  

– Акцентот е ставен на изборната реформа, на правосудството, на борбата против корупцијата и организирнаиот криминал, на темелните човекови права, на реформите во медиумската сфера, на економското владеење и на реформата во јавната администрација, рече Заев.

извор: МИА

Next Post
Полициски час Скопје, Транспортен центар. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Владата донесе одлука - од утре се воведува полициски час, забрана за движење од 22 до 5 часот

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk