ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Центарот за прва помош обуки за кандидатите за возачи и за заинтересираните физички и правни лица

March 9, 2021 12:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

 Во насока на унапредување на знаењето и вештините за укажување прва помош,  Црвениот крст на Град Скопје денеска свечено ги отвори новите просториите на Центарот за прва помош, кој почна со работа минатата година. Целта е да се спроведуваат едукации и обуки за прва помош за кандидатите за возачи, за заинтересираните физички и правни лица и за управувачите на пловни објекти. 

Од Црвениот крст сметаат дека центарот ќе има важна улога во правилното стекнување на знаења и вештини кои значат навремено и правилно укажана прва помош а со тоа и спасен живот. 

– Од пандемијата научивме, дека здравјето, безбедноста и вредноста на животот на луѓето се многу важни. Во оваа смисла, ова што денеска го промовираме е нов обид и заложба на Црвениот крст. Првата помош спасува живот, ќе продолжиме да инвестираме на ова поле, изјави генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити. 

Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој присуствуваше на настанот,  многу е важно како и во кој момент ќе се делува за да се спаси нечиј живот. 

– Во Центарот, идните возачи ќе стекнат вештини, знаење и искуство како да се укаже прва помош. И во услови кога се случува било каква собраќајна незгода во која има лица со потешки повреди, многу е важно укажувањето на прва помош. Знам, дека најголемиот дел од работите се изместија во општеството во минатото. Многу од исклучоците, станаа правило во институциите и многу од возачите бараа начин како да дојдат до потврда за прва помош. Ако сакаме да го менуваме системот, тогаш оваа промена која ја направивме заедно со Црвениот крст треба да биде пример. Да го промениме системот и да знаеме дека секој млад човек кој сака да се стекне со возачка озвола, мора да научи за прва помош, за да го добие овој документ, истакна Спасовски. 

Во делот на безбедноста на сообраќајот, посочи дека изминатиот период се спроведени акциски контроли на полицијата кои резултирале со најмалку жртви во сообраќајот во 2020 година и најмал број сообраќајни незгоди со тешки последици. 

На свеченото отворање на новите простории беше посочено дека согласно донесените законски регулативи, кандидатите за возачи и лицата во работните организации се обврзуваат на задолжително посетување на овие обуки.

Центарот за прва помош располага со пет предавални, стручен тим од 4 лица, 27 лекари предавачи волонтери со лиценца и 17 демонстратори. Ќе работи од понеделник до петок, а обуките ќе се реализираат во два термина. Пријавувањата ќе севршат во просториите на Центарот лоциран на ул. „11 Октомври“. 

извор: МИА

Next Post

Вакцинација со „Спутник V“ од утре во поликлиника „Јане Сандански“, ревакцинација со „Фајзер“ во „Букурешт“

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

November 5, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk