ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: За танго требаат двајца за оро се потребни повеќе, испраќам порака за соработка со опозицијата

March 9, 2021 16:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во сите мои настапи секогаш апелирам за соработка со опозицијата и за наша подготвеност за прифаќање на аргументите кои ги има опозицијата, сè во интерес на државата. Затоа и ја отворив оваа перспектива да разговараат и да размислуваат сите. За танго требаат двајца за оро требаат повеќе. Треба да одиграме за државата онака како што мислиме дека е најдобро за целиот народ, одговори премиерот Заев на денешната прес-конференција, на новинарското прашање за соработка со опозицијата.

Тој нагласи дека се направени досега многу напори за тоа да се оствари, но за жал до сега тоа е безуспешно

„Се обидовме со многу законски решенија, се обидовме со важните стратешки прашања за државата – НАТО, ЕУ, но од 2017 наваму немаме успех. Драго ми е што државата чекори напред, денеска сме членка на НАТО, после 15 години лани во март добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ. Многу работи се придвижија пред се на економски план и покрај сите блокади и не гледам дека со понатамошни блокади ќе имаме добробит за државата, туку со консензус за сето она што е возможно да се постигне и тогаш имаме гаранција за успешност на сите политики, а тогаш е и ефикоснаоста, брзината, развојот на државата, растот на економијата се секако поизвесни. Затоа нема да  престанеме да се обидуваме и со македонската и со албанската опозиција.“, рече Заев.

Премиерот ги истакна како позитивни соработките во првиот мандат и со албанската опозиција и со дел од пратениците на ВММРО-ДПМНЕ

„Во првиот мандат со албанската опозиција имав чест да постигнам многу значајни договори, затоашто и тие веруваа во истите политики, веруваат во НАТО и ЕУ. Истото не би го кажал за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што еве не успеавме ништо да постигниме. Лицето на ВМРО-ДПМНЕ го сочуваа единствено оние пратеници од  ВМРО-ДПМНЕ кои тогаш ги поддржаа уставните промени, заради наше членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.“, истакна Заев.

Заев за несоработката при донесувањето на некои законски решенија, запраша на кого би му сметало донесувањето на истите ако се во корист на сите во државата,

„Се обидовме со Клиничкиот центар, со Законот за бесправните градби и други закони, но безуспешно.   Кој има корист од спречување на Законот за бесправни градби и легализација? Најголем дел од сиромашните граѓани ги немаат легализирано своите куќи. Нема легализација на колективните згради. Кој има корист од закочените закони за екологија, од Законот за трамвај на тркала во Скопје, од Законот за енергетска ефикасност… Не гледам разумност во ова. Деновиве се прават напори за неколку излезни решенија за Законот за АВМУ.  Потврдувам дека СДСМ немаат никакви партиски кандидати и кадри за програмски совет за совет на АВМУ. Законот за да се спроведе потребно е 2/3 мнозинство сè со цел да се одблокира законот кој е донесен пред неколку години.“, рече Заев.

„Испраќам порака на соработка сегаде каде што е тоа возможно. Сакам дијалог и ако некој успеал во дијалогот да изнајди решенија низ разговор тоа сум го постигнал како претседател на владата, а верувам дека може да се постигне пак. Не е лесно објасниво дека може со сите надвор да постигнете договор, само дома со опозицијата да не можете да го постигнете тоа. Убеден сум дека е возможно, но за жал  имаме многу пречки и блокади кои мора да бидат отстранети, одговори премиерот Заев на новинарското прашање.

J. Ѓ.

 

Next Post

Истражување: Една-третина од штетните гасови потекнуваат од производството на храна

НАЈНОВО

Концерт на Националниот џез оркестар и американскиот состав „Yellowjackets“ во НОБ

November 6, 2025
Фото: архива КУД „Стив Наумов“-Битола

На денешен ден во Битола е формиран најстариот македонски хор „Стив Наумов“

November 6, 2025

Три екипи со максимален ефект по првите четири кола во ЛШ

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk