Семејството Шпеткови, родителите на шестгодишниот Марко, соопштија дека се собрани потребните средства за да замине на операција во Турција. Марко има тумор на мозокот, а мајката на шестгодишникот напиша дека е обезбеден термин за Истанбул на 25 март.
„Ве известувам дека ќе започнеме со затварање и повлекување на кутии за донација на локациите каде се собираат средства.
За донациските броеви ќе бидат операторите известени и истите од утре 11 март ќе бидат затворени за донација. Донацијата е достапна до полноќ.
Според пресметките достигнат е износот за операција. Сè што е дополнително ќе се искористи за трошоците пред и после оперативно лекување… Се надеваме дека нема да бидат потребни уште средства.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ КОИ ДОНИРАВТЕ И СПОДЕЛУВАВТЕ. БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ ГРАЃАНИ И ФИРМИ.
БЛАГОДАРАМ НА СПРОВЕДЕНИТЕ АКЦИИ.
БЛАГОДАРАМ НА ХУМАНОСТА КОЈА ЈА ИСКАЖАВТЕ СИТЕ .
Обезбеден е термин за Истанбул на 25ти Март. СИТЕ ВИЕ ГО ОВОЗМОЖИВТЕ ТОА , ЗАЕДНО .
Екипата на Фронтјалн му посакува успешна операција, брзо закрепнување и што поскоро да се радува на детските игри со другарчињата.





