ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бајден и Харис заминуваат на турнеја за промоција на новиот стимулус пакет мерки

March 11, 2021 16:19
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Џо Бајден со тим од советници ќе замине на турнеја низ САД за да им ги пренесе на Американците поволностите од штотуку одобрениот нацрт закон за помош на економијата вреден 1.9 трилиони долари.

Нацрт законот ги помина сите филтри во Конгресот и утре ќе биде потпишан од претседателот. Кампањата за промоција на законот ќе започне со церемонија на самото потпишување.

Потоа, Администрацијата планира турнеја за објаснување на пакетот мерки за помош на САД, еден од најголемите во историјата на земјата и прва победа на претседателот по неговото стапување на функција во јануари.

Од Белата куќа синоќа соопштија дека Бајден идната недела во вторник ќе ја посети Пенсилванија, а потпретседателот Камала Харис заминува во западниот дел на САД, каде во понеделник и вторник ќе сврати во Калифорнија, Колорадо и Невада.

Големината на пакетот одобрен од демократското мнозинство во Сенатот и Претставничкиот дом на Конгресот, беше причина за тоа тој да не добие ниту еден глас од републиканците, иако доби широка поддршка од јавноста.

Според нацрт законот, милиони семејства ќе добијат еднократна исплата од 1.400 долари по човек (на пример, четирчлено семејство со две деца под 21 годишна возраст, доколку се наоѓаат во даночната пријава на родителите, може да добие вкупна исплата од најмалку 5.600 долари). Потоа, законот ја продолжува исплатата за невработеност која сега е намалена на 300 долари неделно, се насочуваат милијарди долари во буџетите на сојузните држави и стопанството, милијарди долари за вакцинација, откако пандемијата однесе над 526.000 животи во САД и остави милиони без работа.

Набљудувачите сметаат дека со кампањата за промоција, Бајден смета дека популарноста на законот не е нешто што се подразбира само по себе.

Демократските стратези како Џошуа Карп се убедени дека на демократите им е важно „да отидат и раскажат што прави овој закон и на кого му помага“.

Бајден смета дека постои реален повод за тоа, „повод за надеж“ како што истакна вчера.

Се планира голема медиумска кампања со вклученост на локалните телевизии и мобилизација на повеќе од 400 градоначалници и гувернери со дискусии за значењето на тој план за нив и за локалните жители.

Репбликанците пак, тврдат дека Бајден и демократите не се ни потрудиле да направат сериозни напори за прифаќање на нивните барања. Според нив, избирачите ќе бидат огорчени од големината на расходите предвидени во нацрт законот, што може да повлече раст на дефицитот

Некои, како Лиз Чејни, трет лидер во хиерархијата на републиканците во Претставничкиот дом, укажаа по којалинија треба да оди нападот на нејзината партија. Според неа, само мал дел од тие 1.9 трилиони долари се насочени кон борба со коронавирусот, и предупреди дека тоа може да предизвика зголемување на даноците.

извор: МИА

Next Post

Најмалку 3.000 медицински сестри починати од Ковид-19 во светот

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk