ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши: Компаниите да аплицираат за мерките објавени од Министерството за економија

March 11, 2021 15:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Поддршката за бизнис заедницата ќе продолжи, заинтересираните компании да аплицираат и да ги искористат мерките кои се објавени од Министерството за економија, за конкурентност, иновативност и претприемништво, порача министерот за економија Крешник Бектеши кој оцени дека мерките ќе овозможат на компаниите да го развијат бизнисот.

– Веќе се објавени мерките за поддршка на микро и малите претпријатија, со вкупна вредност од 30 милиони денари, каде што сите компании кои се заинтересирани за набавка на машини, опрема и други потреби, истовремено ако навлегуваат во дополнителни инвестициски циклуси би можеле да ги користат, како и мерките за женско претприемништво и мерките за занаетчиство, изјави Бектеши кој денес беше во посета на компании во кумановскиот регион.

Компаниите ги презентирале и своите потреби пред министерот, кој разговарал со нив и за поддршката што ја добиле минатата година. Над 100 компании од Куманово и Липково користеле мерки и поддршка од Министерството за економија и од Владата.

– Многу е важно да се наведе и фактот дека токму Куманово и Липково, претходната година од мерките од Министерството за економија и од Владата користеле помош речиси над 100 компании со вредност од 700.000 евра што значи дека ќе има дополнителни инвестиции во постковид периодот и креирање нови работни места. Ние ќе бидеме посветени на таков начин директно во комуникација со бизнис заедницата да креираме што подобри мерки кои ќе произлезат преку јавно-приватниот дијалог кој како Влада и како Министерство веќе сме почнале да го реализираме, изјави Бектеши.

Компаниите од североисточниот регион можат да очекуваат и дополнителна поддршка, бидејќи регионот е најмалку развиен. Со оваа поддршка се очекува креирање нови работни места и поддршка на инвестициите.

– Министерството за економија веќе почна да ги реализира сите мерки согласно одлуката за квалификација на развој на региони што го носи Бирото за регионален развој, што ќе значи и распределба на средствата на подеднаков начин во државата, согласно развиеноста на секој регион, а североисточниот регион каде припаѓаат општините Куманово и Липково, на таков начин ќе добие дополнителни средства од страна на програмите од Владата, вклучително тука е и програмата што произлегува за поддршка на инвестициите, за креирање нови работни места кои ги реализира Министерството за економија, изјави Бектеши.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми, нагласи дека овој начин на директни средби со бизнис заедницата помага при креирање нови политики и мерки кои треба да помогнат на бизнис заедницата во претстојниот период. И тој рече дека е значајна поддршката за стотината компании во вредност од 700.000 евра за компаниите од Куманово и Липково.

– Исто така, сакам да истакнам дека остануваат и други законски решенија во рамки на петтиот сет на економски мерки кои треба да бидат изгласани во Собранието. Очекуваме дека оваа состојба на блокада и кочење на Собранието ќе се надмине, имајќи предвидм, тоа го истакнав и вчера, дека овие законски решенија се во интерес на граѓаните и секако дека секоја парламентарна политичка партија треба одговорно да пристапи кон донесување, усвојување на овие решенија кои се во интерес на граѓаните кои нѐ изгласаа, изјави Адеми.

Теренските и директните средби со бизнис заедницата и генерално со граѓаните, смета Адеми ќе придонесе за креирање нови политки, мерки што ќе помогнат за надминување на периодот со кој се соочуваме, една година.

извор: МИА

Next Post

Институт за имунологија: Препораки за вакцинација според CDC- интервалот меѓу двете дози може да се одложи до 6 недели ако тоа е неизбежно

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk