Ждрепката и за четвртфиналето и за полуфиналето во Лигата на шампионите во фудбал ќе се одржи од 12 часот на 19 март во Нион, Швајцарија.
Нема да има селекција на ждрепките и сега тимовите од истата земја ќе можат да играат меѓусебно.
Планирано е четвртфиналните натпревари да се играат на 6 и 7 април (првите натпревари), а возвратниот дуел на 13 и 14 април.
Четири екипи досега го потврдија своето место на ждрепката: ФК Ливерпул, Борусија Дортмунд, ФК Порто и Париз Сен Жермен.
Ј. Ѓ.