ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Да не се компромитира процесот за набавка на вакцини со измислени афери

Не станува збор за ништо незаконско, за ништо нерегуларно, не станува збор за некави провизии за што овие денови не обвинува опозицијата – потенцираше Филипче. Објавените писма од Ла Верта се писма за намера какви што Министерството за здравство  има испратено до многу компании,кои помагаат или посредуваат за набавка на вакцини против Ковид 19. Вакви писма и комуникации владата има со компании од САД, Австрија и други земји. На ист начин е обидот да се набават вакцини и од Синофарм.

March 11, 2021 13:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата и Министерството за здравство од самиот почеток ги користат сите механизми, секојдневно и постојано се во комуникација со цел набавка на вакцини, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму соопштуваат дека Министерството набавката на вакцини против Ковид 19 ја врши на законски начин, почитувајќи ги начелата во договорите за набавка на вакцините на самите производители.

„Лажните обвинувања без никакви докази за наводни провизии или нерегуларни постапки само ја потврдуваат заложбата и напорите на Владата и Министерството за здравство да обезбедат вакцини што побрзо за граѓаните. При комуникацијата за набавка на 200 000 кинески ванкцини од Синофарм, не е  направена каква било нерегуларност, туку некој свесно се обидува да го поткопа целоот процес на имунизација.“, истакна денеска на пресконференција министерот за здравство д-р Венко Филипче.

– Не станува збор за ништо незаконско, за ништо нерегуларно, не станува збор за некави провизии за што овие денови не обвинува опозицијата – потенцираше Филипче.

Објавените писма од Ла Верта се писма за намера какви што Министерството за здравство  има испратено до многу компании,кои помагаат или посредуваат за набавка на вакцини против Ковид 19. Вакви писма и комуникации владата има со компании од САД, Австрија и други земји.

На ист начин е обидот да се набават вакцини и од Синофарм. Од самиот почеток нашата земја ги почитува сите процедури за набавка на вакцини и со овој производител.

Министерот пред јавноста го објасни начинот за набавка на вакцини од кинескиот производител.  Првиот обид за набавка на кински вакцини беше директно со Синофарм, МНР на Кина и амбасадата  во Скопје. Откако не добивме повратни информации од таму, се обидовме преку сите можни канали, бидејќи должност ни е час поскоро да обезбедиме вакцини и тоа е нормална пракса  секаде во светот. Така стапивме во контакт со фирмата која се понуди да ни помогне во набавката. Во сите постапки кои се водеа, ја вклучивме и нашата амбасада во Пекинг, која стапи во контакт и со кинеското МНР. Тогаш тамошното Министерство за надворешни работи, ни кажа дека  во постапката не ни е потребна фирма посредник туку тие ќе се ангажираат и вакцините ќе ги набавиме директно од производителот Синофарм. Владата го повлече авансот и ја продолжи постапката согласно насоките од МНР на НР Кина.

-Ние и со фирмата посредник стигнавме до вакцините, но препораката од кинеското МНР беше друга и ние ја испочитувавме, овде нема ништо сомнително. Гледате каква битка во светот има за да се стигне до вакцини. За какви провизии и фантомски фирми сме обвинети, кога средствата се вартени. Не станува збор за никава манипулации, едноставно ги пратиме насоките од кинеското Министерство за надворешни работи.  Кога не би имале верба во фирмата, би имало некаков простор за манипулација сигурно би имало и некаква финансиска штета – истакна Филипче.

Што се однесува до манипулацијата дека МЗ склучило договор со кој Синофарм се ослободува од одговорност за ефектите од вакцината министерот појасни дека  станува збор за целосно непознавање на договорите од овој тип. Имено ова е вообичаена пракса и составен дел од сите договори при набавка на вакцини, објасни министерот.

-Тоа е пракса за буквално сите договори за кои ние сега преговараме и ги разбираме производителите зошто е тоа на нивно барање.Свесни сме дека со тоа земаме голема одговорност и свесно ние тоа го правиме кога е во прашање здравјето на нашите граѓани. Свесно ја земаме таа обврска не само за оваа туку за сите вакцини кои ќе дојдат во земјава – рече Филипче.

Министерот Филипче ги осуди сите овие обиди да се фрли дамка на овој процес во една чувстителна ситуација кога во тек е вакцинација во нашата земја.

-Сметам дека со ова се опозицијата се обидува да го наруши угледот, да го копромитира процесот и со тоа да го загрози целокупниот процес на продолжување на имунизацијата во нашата земја . Сметам дека со ова некој сака да има политички бенефит, да поентира,а цената да биде здравјето на нашите граѓани – истакна министерот  Филипче.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk