ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски на 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Треблинка: Простуваме, но не забораваме

March 11, 2021 12:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во спомен на холокаустот на македонските Евреи во логорот на смртта Треблинка на 11 март 1943-тата година, претседателот Стево Пендаровски денеска во дворот на Кабинетот засади дрвце, македонски даб. Истовремено, во негово име, како што соопшти Кабинетот  на Пендаровски, а во соработка со Амбасадата на Израел, стебло е засадено и во Ерусалим, во парк шумата на мирот, Амандав.

Истакнувајќи дека садниците се израз на почит кон малубројната, но исклучително значајна еврејска заедница во Северна Македонија, претседателот Пендаровски во својата порака рече дека со векови, еврејската заедница била плодно стебло на македонската почва.

-Во духот на соживотот, Евреите живееле со нас, како едни од нас. Евреите биле прифатени и почитувани како добри домаќини, верни соседи и вредни еснафи. Наша желба како држава и како луѓе, е еврејската заедница одново да израсне во плодно стебло. Нивните корења нека се напојуваат од сеќавањата, а гранките нека носат надеж за иднината, потенцираше претседателот на државата.

Во текот на Втората светска војна биле убиени над шест милиони Евреи. Само во логорот Треблинка за околу една година биле убиени околу 900.000 жени, мажи и деца, а меѓу нив биле и 7144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип коишто претставувале дури 98 отсто од македонската еврејска заедница.

-Холокаустот е логичка последица на моралниот вакуум во кој се било дозволено, вклучително и обезвреднувањето на човековиот живот и неговото вродено достоинство. Ова апсолутно зло мора да биде осудено апсолутно. Не смееме да дозволиме вистината за Холокаустот да се релативизира и заборава. Наша должност е да се сеќаваме за никогаш да не се повтори, порача Пендаровски.

На одбележувањето на 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи присуствуваше и почесниот конзул на Државата Израел во Република Северна Македонија, Градимир Шумковски. Од Ерусалим, пак, онлајн се обратија претставници на Еврејскиот национален фонд, Jewish Impact, како и претставник на Министерството за надворешни работи на Израел.

Во сеќавање на холокаустот на 7144 македонски Евреи, претставник на Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на депортираните македонски Евреи во Скопје.

извор: МИА

Next Post

Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новиот канадски aмбасадор Џајлс Норман

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk