ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЕУ иницира да се врати Западен Балкан на агендата, Заев побара исполнување на ветувањето, но повтори – нема разговори за идентитетот и јазикот

March 13, 2021 09:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Динамичните внатрешни политички случувања во земјите од Западен Балкан, но и пандемијата, која дополнително ги влоши постоечките трендови, вклучувајќи ги и геополитичките импликации бараат брз одговор на Европската Унија во однос на проширувањето со државите во регионот. Ова го бараат девет земји членки на ЕУ, откако проширувањето со регионот на Западен Балкан првпат во историјата не се најде во заклучоците од минатогодишниот декемвриски самит на Унијата.

И премиерот Зоран Заев вчера упати порака до ЕУ да го исполни ветувањето за Западен Балкан, но го повтори ставот на Владата дека на нашиот пат кон Унијата нема да дозволиме да разговараме за нашите идентитетски атрибути и за генезата на нашата државност и јазикот. Заев ова го порача од Тиранскиот форум, на кој присустуваше и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, кој пак изрази силна поддршка за отворањето на преговори со Албанија, а со поумерен тон се осврна на Северна Македонија, инсистирајќи на решавањето на спорот со Бугарија.

Министрите за надворешни работи на Германија, Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Ирска, Романија, Словачка и Словенија во заедничкото писмо, кое датира од 5 март, а кое го објави „Еурактив “го повикаа високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел, Западен Балкан итно да се врати на агендата на Унијата и да биде тема на состанокот на Советот за надворешни работи во април.

Фото: МИА

– Предлагаме на еден од следните состаноци на Советот за надворешни работи на дневен ред да биде стратешка дискусија за регионот. Веруваме дека е крајно време да погледнеме стратешки на Западен Балкан, наведоа шефовите на дипломатиите на споменатите земји членки. Тие напоменуваат дека ситуацијата многу се сменила од последната дискусија за проширувањето во август 2019 година.

– Многу работи се сменија од нашата последна дискусија во август 2019. Имаше динамичен политички развој во земјите од овој регион. Дополнително, пандемијата ги влоши постоечките трендови, вклучувајќи ги и геополитичките импликации. Други актери се подготвени да настапат во регионот, честопати на наша сметка. Додека ЕУ мобилизираше голема поддршка за регионот, други актери беа поефикасни во презентирањето на нивната поддршка поткопувајќи ја довербата во нас, кредибилитетот и перцепцијата на нашата солидарност, се вели во писмото.

Во декември минатата година по макотрпни преговори помеѓу земјите членки на ЕУ, Чешка и Словачка одлучија да ги блокираат заклучоците за проширувањето поради инсистирањето на Софија да се вметне реченица поврзана за „погрешното толкување на историјата“.  Претходно Софија ја блокираше и преговарачката рамка за Северна Македонија. Ова беше првпат во историјата да нема никакви заклучоци за Западен Балкан на декемвриски самит на ЕУ.

Од тогаш темата не е вратена на дневен ред. Според некои дипломати во Брисел, се чека на подобра атмосфера во Бугарија по изборите, како и на напредокот помеѓу Скопје и Софија во нивните билатерални односи.

А вчера премиерот Зоран Заев од Тиранскиот економски форум 3, на кој учествуваа и еврокомесарот за проширување Вархеји, претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија и српската премиерка Ана Брнабиќ, побара од ЕУ да ги исполни ветувањата за Западен Балкан, додека, како што рече, ние го европеизираме нашето општество за да ги постигнеме стандардите за нашите граѓани, кои природно се дел од европското семејство.

Северна Македонија, напомена премиерот, никогаш немала друг интерес освен мирно и достоинствено да кохабитира со своите соседи и со сите нации и етникуми во Европа, но изминатата 1,5 година помина процес кој ја редефинираше методологијата за преговарање и се исправи пред нови непринципиелни прашања и бирократски ставови кои не може и не смее да бидат камен за сопнување на нејзиниот просперитет.

Премиерот потсети и дека земјава прва од регионот го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација во 2001 година, само четири години подоцна стана и кандидат на членство во ЕУ, во 2009-та ја доби првата позитивна препорака за почнување преговори со ЕУ, но, денес, 16 години подоцна, се уште е во чекалната на ЕУ.

– Но, да бидам кристално јасен и да го повторам уште еднаш ставот на Владата. Ние никогаш нема да си дозволиме да разговараме за она за што не може да се разговара. А тоа е кои сме, кои се нашите идентитетски атрибути и која е генезата на нашата државност и јазик, истакна Заев.

Еврокомесарот за проширување Вархеји, пак, изрази силна поддршка за отворањето преговори со Албанија, а со поумерен тон се осврна на Северна Македонија, инсистирајќи на решавањето на спорот со Бугарија.

Вархеји ја пофали и новата методологија за преговори благодарение на која се надмина ветото на Франција за почетокот на преговорите со Албанија и Северна Македонија.

– Оваа нова методологија веќе се одразува во нацрт преговарачките рамки за Албанија и Северна Македонија. Земјите членки сѐ уште не постигнале договор за нив и разговорите продолжуваат во Советот. Ги поддржуваме овие напори и се надевам дека првите меѓувладини конференции ќе можат да се свикаат што е можно поскоро под португалско претседателство, изјави Вархеји.

Веднаш потоа еврокомесарот порача дека сите услови се исполнети за одржување на првата меѓувладина конференција со Албанија и дека земјата остварила голем напредок во делот на правдата, владеењето на правото и изборното законодавство.

– Северна Македонија задржа стабилен чекор во имплементацијата на ЕУ реформите, посебно во делот на фундаменталните услови. Важно е да се изнајде заеднички прифатливо решение за билатералните прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија брзо, истакна вчера еврокомесарот за проширување.

Шефот на државата Стево Пендаровски, пак, во интервју за ТВ 21 во четвртокот истакна дека не треба да се очекува пробив за отворените прашања меѓу Скопје и Софија се додека не завршат изборите во Бугарија на 4 април и не се формира новата влада.

Тој вели дека дополнителна потешкотија е тоа што во Бугарија во однос на одредени прашања поврзани со нас има политички континуитет со децени. – Сите се обединети околу тие политички ставови кои нас не попречуваат за ЕУ, а за кој ние не можеме да преговараме – како што се јазикот и идентитетот, посочи Пендаровски.

Тој смета дека би било добродојдено вклучување и на меѓународниот фактор, особено во Комисијата за историски и образовни прашања.

– Две балкански држави ако се расправаат за историја нема никогаш да се договорат. Затоа е добро прво во Комисијата да се вклучат странци како консултанти, бидејќи досегашната работа на Комисијата не дава за право дека ќе се дојде до решение, смета Пендаровски.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ја разобличува авторитарната страна на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk