ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Специјалната антитерористичка единица „Тигри“ е синоним за професионалност и обученост според највисоки стандарди

March 13, 2021 13:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска Специјалната Антитерористичка Единица, популарно позната како „Тигар“, одбележува 40 години од своето постоење. На настанот присуствуваа премиерот Заев, највисоките претставници на Владата, на Министерството за внатрешни работи, на останатите агенции и служби од безбедносниот сектор, високи гости од дипломатскиот кор, како семејствата на повеќе генерации на припадниците на Специјалната Антитерористичка Единица.

Премиерот Заев, во рамки на настанот, се потпиша во спомен книгата како прв премиер на кого му е укажана таа можност, а командантот на единицата на претседателот на Владата му врачи  јубилејна плакета,

Фото: Влада РСМ

Во име на Владата, на командантот на САЕ-Тигар, Митко Даневски, премиерот Заев му додели благодарница за значајниот  јубилеј, и му ја врачи наградата на најдобриот припадник на Специјална Антитерористичка Единица за 2020-та година.

Премиерот на припадниците на Специјалната Антитерористичка Единица им го честита јубилејот.

– Ова е сериозна годишнина достојна за прослава со сите највисоки почести бидејќи Специјалната Антитерористичка Единица денес е синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и високиот насилен криминал. Синоним за професионалност, за максимална храброст и подготвена да се спротивстави на каков и да е предизвик со кој е доведена во прашање безбедноста на земјата и граѓаните, истакна премиерот Зоран Заев.

Тој нагласи дека за разлика од сите досегашни јубилеи, годинава, оваа значајна годишнина е посебно брендирана со нашето полноправно членство во НАТО од што произлегуваат и заедничките безбедносни интереси со сите со земјите членки.

„Како членка на НАТО и на глобалната коалиција за борба против тероризмот, Северна Македонија со својот адаптиран воено-безбедносен систем според стандардите на НАТО, свое значајно место има и Специјалната Антитерористичка Единица која е оспособена во борбата со насилниот екстремизам и тероризам да спроведува највисоките борбено-технички вештини. Борбата против тероризмот, радикализацијата и насилниот екстремизам и заштитата на националната безбедност и безбедноста на сите граѓани на нашата земја се во врвот на приоритетите на Владата на Република Северна Македонија, а оваа единица е еден од гарантите на овој приоритет. “, рече Заев.

Премиерот издвои дека промените низ нејзиниот историски развој биле последица на современите безбедносни предизвици со кои се соочувало општеството, па така и последната нејзина трансформација во Специјална антитерористичка единица е производ од потребата на прилагодување на нашиот безбедносен систем кон новите предизвици за борба против глобалниот тероризам како закана на нашето време.

„Самиот процес на нејзиното формирање, нејзиниот раст и развој од 1981 до 2021 година, од Станица на милиција за извршување специјални задачи, преку Единица за специјални задачи, до она што претставува денес, современа Специјална антитерористичка единица на земја членка на НАТО алијансата, доволно говори за трансформацијата на единицата според во согласност со усовршувањето и адаптирањето на безбедносниот систем на нашата земја. И внатре, во самата едница растеа и се усовршуваа критериумите и стандардите. Секој припадник на оваа единица е апсолутно свесен какви ознаки носи на својата униформа и дека таа чест и привилегија од секој нејзин припадник бара крајно високи и специфични вештини и етика.“, потсети Заев.

„Радува и фактот што овие високи критериуми и стандарди се силна мотивација за многу младите луѓе кои имаат амбиции да станат дел од оваа единица на Министерството за внатрешни работи. Тој факт импонира, но и обврзува. Токму поради тоа Владата секогаш ќе го поддржува Министертвото за внатрешни работи во континуитет да вложува во развојот на Единицата за постојана динамична надградба на секој нејзин дел. Убеден сум дека реорганизираната и модернизирана Специјална антитерористичка единица – Тигар ќе го продолжи трасираниот четириесет годишен пат на високо мотивирана, врвно организирана и подготвена служба, која заедно со сите останати сегменти на нашиот безбедносен систем е гарант за мирот и безбедноста на граѓаните и за заштитата на уставниот поредок на државата.“, потенцира Заев

Премиерот Заев рече дека оваа свеченост и едницата „Тигри“, денеска испраќаат силна порака дека Република Северна Македонија има капацитетни формации и добро подготвен и функционален систем на национална безбедност за борба против сите облици на криминал, а особено за борба против тероризмот.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кој лаже за пругата, Мицкоски или Кочоска, прашува СДСМ

June 19, 2025

Валенсија донесе нов голман, Димитриевски можно е да си бара друг клуб

June 19, 2025

Владата усвои Предлог ребаланс на Буџетот, приходите проектирани на 362,4 милијарди денари, капитални расходи од 47,5 милијарди денари

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ја разобличува авторитарната страна на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk