Ако ВМРО-ДПМНЕ го поддржува петиот пакет на економски мерки ќе се откаже од блокадите и ќе дозволи нормална работа на Собранието, на крај на денот тоа е нивна одговорност и нивна работа, а да кажат дека ќе ги поддржат ама нека видат овие другите за кворум во период на здравстевна криза јас тоа не го разбирам, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека во ситуација во која на луѓето, на нашите сограѓани им е потребна поддршка, ВМРО-ДПМНЕ стојат отстрана и сакаат да постигнат политички поени.
Како пример за такво однесување, Битиќи го посочи Законот за државна гаранција, кој е поднесен во Собранието во октоврми лани и за шест месеци не го поминал ни првото читање, а претседател на клучната собраниска комисија е од опозицијата.




