ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнаа активностите за формирање земјоделски осигурителен фонд

March 15, 2021 15:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Поради временските непогоди, секоја година државата исплаќа по 3,5 милиони евра обесштетување. Време е да воспоставиме организиран осигурителен систем за заштита на земјоделството. Само така ќе успееме да одговориме на најголемиот предизвик – климатските промени, но и да ги зголемиме посевите и приносите, како и нивниот и квалитет, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

На работилница со која почнаа активностите за воспоставување т.н. осигурителен пул, Хоџа истакна дека засега е се уште многу мал процентот на земјоделци кои ги имаат осигурано своите посеви.

Пулот, како што објасни Хоџа, е систем во кој финансиските средства се собираат на едно место.

– Парите што ги даваме сега како држава можеби ќе бидат помалку, но ќе покриваме многу повеќе и така ќе ги стиумилираме земјоделците. Работилницата е само дебата за тоа како сакаме да изнајдеме решение. Тоа ќе биде дополнително олеснување за земјоделците, но и за државниот буџет со оглед дека веќе плаќаме и штети и субвенции во осигурувањето. Сега, со попрактично управување на државните пари, ќе успееме да им даваме сигурност на земјоделците, но во исто време ќе поставиме систем во кој тие ќе имаат доверба. Нормално, ќе има дополнителни стимулации за тие да ги осигуруваат површините. Накусо, изнаоѓаме подобро решение од постоечкото, истакна Хоџа.

Тој нагласи дека климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство.

– Со години земјоделците се соочуваат со влијанието на природните непогоди за кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за штети при Владата на Република Северна Македонија, исплаќа во просек три и пол милиони евра годишно на основ штети од временски непогоди. Токму затоа, решивме дека е време да воспоставиме организиран пристап за прилагодување и заштита на земјоделските производи преку воспоставување на систем на земјоделско осигурување во нашата земја, потенцира министерот.

Пулот ќе се воспостави со техничка помош на Турција, земја во која постои исклучителено функционален систем за осигурување.

– Ќе ги анализираме ризиците со кои се соочува македонското земјоделство. Би било многу рано да се каже како може во пракса тука тоа да се спроведува. Кај нас, во Турција, земјоделците можат да си земат осигурување од банка и од нашите подружници, на осигурителните компании, изјави генералната директорка на турската Аенција за управување со земјоделскиот осигурителен систем (ТАРСИМ), Серпил Ѓунар.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи истакна дека со воспоставување земјоделски осигурителен пул, еден вид фонд за осигурување на земјоделството, прв од овој вид во земјава, ќе се овозможи сигурност на земјоделското производство.

 

– Од економски аспект, создавањето на земјоделскиот осигурителен пул е важен чекор напред за државата, со што дополнително се приближуваме кон европските стандарди. Целта на Владата не е само да се инвестира во градовите, туку и да се реализираат проекти со кои рамномерно ќе се развиваат и руралните делови кои имаат огромен потенцијал за земјоделство. Сите добро знаеме дека земјоделството е главна гранка во руралните средини и еден од поважните сектори во РСМ. Лани учествуваше со 8,6 отсто од БДП. Бележиме тенденција на пораст со оглед дека земјоделството во БДП во 2019 година учествуваше со 8,2 процента, рече Битиќи.

Според него, во 2020 година, споредбено со 2019-та, има зголемување на обемот на производство во три од четирите квартали и годишно зголемување на производството од 1,7 отсто.

– Ова е јасен податок дека и во време на криза политиките на Владата со субвенциите и грижата даваат резултати, посочи вицепремиерот, дополнувајќи дека е зголемена искористеноста на ИПАРД програмата, како и вкупниот износ на субвенции, напомена Битиќи.

На работилницата зборуваше и претседателот на Советот на експерти при Агенција за супервизија во осигурувањето, Крсте Шајноски.

извор: МИА

Next Post

Град Скопје: Почна доставувањето на решенијата за данок на имот и фирмарина за 2021.

НАЈНОВО

Фото: „Конект“

Добротворна модна акција вечер во Скопје

November 4, 2025
Џоди Фостер и Ентони Хопкинс. Кларис и Лектор во Кога јагнињата ќе стивнат

Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

November 4, 2025

Холандскиот парламент со најголем процент жени-пратенички досега (43%)

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk