ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: ЕИБ подготвува пакет за финансиска поддршка во пост-ковид периодот за рестарт на економијата

March 15, 2021 21:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на Република Северна Македонија со поддршка на проектите за побрзо закрепнување на економијата од последиците од пандемијата со КОВИД-19 со посебен фокус на малите и средни претпријатија, како и за проекти од Зелената агенда за инвестиции во обновлива енергија, енергетска ефикасност и дигитализацијата како дел од програмата што произлегува од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан.

Ова, како што информира владината прес-служба, е заедничкиот заклучок од средбата на премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими со претседателот на ЕИБ Вернер Хојер и со потпретседателката на банката Лилјана Павлова.

ЕИБ е подготвена да ја прошири својата успешна соработка со Владата на Северна Македонија и понатаму да придонесе кон остварување на европските стандарди за конкурентност на македонската економија, да поддржи големи инфраструктурни проекти и транзиција кон позелен и поодржлив економски модел. До денеска, ЕИБ инвестираше близу 970 милиони евра во 29 проекти во Република Северна Македонија, поддржувајќи клучни сектори на економијата – инфраструктурата, енергијата, транспортот и малите и средните претпријатија.

-Владата на Северна Македонија неодамна го одобри Зеленото сценарио за структурен развој на секторите за транспорт, енергија, животна средина и климатски промени. Имаме амбициозна агенда која ќе биде поддржана со значителни инвестиции, како придонес за иднината не само на Северна Македонија, туку и на Европа како целина. Ние веруваме дека Европската инвестициска банка може да биде наш клучен партнер во овој потфат и очекувам блиска и успешна соработка во следните години, истакна премиерот Заев на средбата со првите луѓе на ЕИБ.

На работниот состанок на владината делегација со ЕИБ е нагласено традиционалното партнерство во претстојниот период со поддршка за спроведување на двата клучни проекти во моментов во Северна Македонија за кои земјата аплицираше на последниот повик за инвестициски грантови во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан – Пречистителната станица во Скопје и третата фаза од железничкото поврзување по Коридорот 8, источното крило кон Бугарија.-На претседателот Хојер му ја пренесов нашата заинтересираност за подобра соработка во спроведување на нашата инвестициска агенда презентирана преку Единствената листа на проекти, за што го поканивме ЕИБ да отвори свое претставништво во Северна Македонија. Сè на сè, одличен почеток на работната посета на Луксембург, со охрабрувањето што го добивме од врвот на банката за сите наши планови во пост-ковид периодот и за нашиот план за ре-старт на економијата и за враќање на развојните трендови кои Европската инвестициска банка ги препозна и ќе ги поддржи и во иднина, изјави премиерот Заев.

Хојер, како што велат од Владата, од своја страна истакнал дека приоритет на банката е да ја поддржи Северна Македонија што побрзо да се опорави од пандемијата КОВИД-19 и да напредува на својот пат за пристапување во ЕУ.

-Подготвени сме да ја поддржиме транзицијата на земјата кон позелена, поинклузивна и поодржлива економија со финансирање и технички совети. Премиерот Заев и јас споделуваме европска визија и посветеност кон економски силен регион на Северна Македонија и Западен Балкан и сакаме да видиме поголеми придобивки за Северна Македонија од Економскиот инвестициски план на Европската Комисија. Како климатска банка на ЕУ, ЕИБ ја поздравува силната посветеност на премиерот Заев за поддршка на распространувањето на Зелената агенда и јас сум задоволен што гледам напредување на зелените инвестиции за Северна Македонија, потенцираше претседателот на ЕИБ Хојер.

Потпретседателката на ЕИБ, одговорна за Северна Македонија, Лилјана Павлова, пак укажа дека фокусот на Европската инвестициска банка во наредниот период е насочен кон можностите утврдени во Економскиот и инвестициски план како кон брзото закрепнување на КОВИД-19, создавање на посилен регионален пазар и подобра клима за инвестиции.

Амбасадорот Дејвид Гир, како шеф на Делегацијата на ЕУ по повод одржувањето на состанокот, изјави дека Европската Унија и Владата на Северна Македонија градат партнерство кое се стреми кон повеќе и дека заеднички ги развиваат најдобрите решенија за промовирање на Зелената агенда, промовирање на поврзаност и зајакнување на трговијата во рамките на Заедничкиот регионален пазар при што Економскиот инвестициски план во овој контекст има клучна улога за нивна реализација.

Како дел од целокупните напори на ЕУ во рамките на Тим Европа за ублажување на економскиот пад од пандемијата КОВИД-19, ЕИБ инвестираше 20 милиони евра за поддршка на македонските мали и средни претпријатија во 2020 година со што им овозможи на локалните компании пристап до нови извори на финансирање за надминување на ограничувањата на ликвидноста и за зачувување на работните места за време на пандемијата.

На средбата во Луксембург на владината делегација со ЕИБ најавени се нови значителни финансиски средства за македонските мали и средни претпријатија во 2021 година, велат од Владата.

Според најавите, владината делегација  при посетата на Луксембург ќе оствари средба и со премиерот Ксавиер Бетел.

Next Post

Поклукар: И Словенија ја прекина имунизацијата со вакцината на АстраЗенека

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk