ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Гоце Делчев: twelve points за Гарванлиев!

March 16, 2021 08:34
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ 

Дното на Македонија е секогаш расположено да се пробие нагоре, да плута малку на површината, сонце да види, пред повторно да потоне во најдлабоката мил, каде што му е местото.

Таков еден молскавичен малограѓански пробив на дното кон врвот деновиве се случува по повод изјавата на македонскиот претставник за Евровизија, г. Васил Гарванлиев, дека, со оглед на тоа што една од неговите баби била Бугарка по националност, и тој има денеска, покрај македонското, и бугарско државјанство.

По оваа изјава, целата индустрија за производство на дно во Македонија рипна на колена – не можат на нозе, многу е високо, се плашат вртоглавица да не ги фати, па да паднат – и почна кампања на национал-шовинистички навреди, клетви и колнења, па отвори дури и петиција, Гарванлиев да се стопира, да се запре, да се оневозможи, да му се отповика „правото“ да ја претставува „светата земја“ (Северна) Македонија пред распеаната Европа, бидејќи етничкиот корен не му е чист, со тапија издадена од Александар и од Хунзите, оверена во некоја од овдешните крчми и биртии каде по цел ден се кове „титаниумот“ на македонскиот непокор!

И такви слични глупости.

А колку е убава таа вест – веројатно непланирана, бидејќи гледам дека сите се изненадени од двојното државјанство на Гарванлиев – на Евровизија да нè претставува струмичанец (за кого, колку што сфаќам, владее консензус дека има извонредни музички квалитети) во чие етничко потекло се испреплетуваат балканските друмови и беспаќа, од Виа Игнација и Виа Милитариа наваму, и тоа токму во моментот кога со нашиот источен сосед се расправаме за нивната политичка тесноградост што е, во суштина, манифестација на истото малограѓанско дно, како и ова нашево.

Па, ние, во Македонија – таа компликувана и прекрасна Catena Mundi (Ферид Мухиќ) – ако за актуелниов Гарванлиев не можеме да се „спогодиме“ како да го „споделиме“ со Бугарите – како идно заедничко „културно наследство“, бидејќи човекот може и да победи на Евровизија! – како ќе се договориме за Гоце Делчев или за некакви дејци од пред 200-300 години?! Та, нели е Гарванлиев доказ за исправноста на идеологијата на Делчев кој светот, имено, го гледаше како „поле за културен натпревар меѓу народите“, натпревар што зближува, макар и на естрадата на Евровизија?!

А да беше по некоја случајност обратно: Бугарите да го избереа Гарванлиев да ги претставува на Евровизија, а потоа да се испоставеше дека тој има и македонско државјанство – па уште и „таков“ да победеше во Ротердам – какви ќе беа реакциите на овдешните „каракачановци“? Што ќе „докажеше“, тогаш, неговото двојно државјанство за нашиве етно-полицајци? Да беше бугарски претставник, претпоставувам дека ќе го величеа и обожуваа со истата непристојност со која сега го омаловажуваат, доколку во Холандија, покрај бугарското, извадеше и македонско знаме за да го прослави својот евровизиски настап…

Затоа, не е лошо некој да сврти телефон до националната бугарска телевизија во Софија, да видиме дали тамошната публика е расположена да „опне“ едно twelve points за македонскиот претставник Гарванлиев, па, Боже здравје, ако победи, да правиме идната година Евровизија во Делчево, во соработка со Благоевград, во чест на Гоце Делчев…


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Таравари до Мицкоски поднесе оставка од функцијата министер за здравство

May 15, 2025

Пад на цената нафтата по зголемените изгледи за постигнување американско-ирански договор

May 15, 2025
Фото: Влада РСМ

Муцунски во Анталија: Подвлечен придонесот на државава како стабилен и конструктивен сојузник на НАТО

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

    ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk