ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нов поим во психотерапевтската терминологија – „екранизам“, негативно влијание на екранот врз мозокот, особено кај малите деца

March 16, 2021 13:36
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Новите услови за живот го сменија секојдневието, па поради пандемијата, луѓето и сѐ повеќе време минуваат во своите домови пред екраните на паметните телефони, компјутерите и телевизорите. Сепак, ова не е добро, особено за деца на рана возраст.

Како што пишува „Кликс“, последново десетлетие се појави нов поим во психотерапевтската терминологија – тн. „екранизам“, кој е поврзан со негативното влијание на екранот врз мозокот, особено кај малите деца. Гледањето во екран е директно и индиректно поврзано со неврокогнитивниот развој на децата.

Ако вашето дете не прифаќа соработка и одбива да престане да користи мобилни телефони и други паметни уреди, ова секако е аларм и прв симптом на оваа состојба кај детето.

Исто така, еден од знаците е отсуството и слабата концентрација за одредени активности. Децата, исто така, се префрлаат од една во друга активност, без претходно да го завршат започнатото.

„Екранизмот“, според стручњаците, може да се претвори во социјално нарушување, бидејќи децата одбиваат да комуницираат со околината поради прекумерната употреба на технологијата. Навременото дејствување е многу важно за детето да има правилен раст и развој. Тоа, особено кај деца под три години. За родителите е важно навремено да забележат промени кај своето дете и да побараат помош.

– Научниците од невропедијатарската област наведуваат дека децата до тригодишна возраст никако не смеат да бидат изложени на екрани, од 3 до 6 години – само половина час, а децата од училишна возраст што помалку да користат екрани при пасивно гледање (Фејсбук, Инстаграм, ТВ итн.). Треба да минат најмногу еден час на ден играјќи игри. Работата на компјутер, како што се часовите на далечина, е активност насочена во корист на умствената работа преку интеракција, така што тоа не спаѓа во опасности од екранизам, објаснува психотерапевтката Анкица Баковиќ од БиХ.

Според психолозите, еден од главните проблеми, е тоа што родителите несвесно ги изложуваат своите деца на опасности без јасен увид во тоа каков проблем во психичкото здравје на детето можат да создадат тие.

извор: МИА

Next Post

ИФЦ најави поддршка на закрепнувањето и растот во производствениот сектор во Западен Балкан

НАЈНОВО

Скриншот

Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

November 5, 2025

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk