ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попишани над 60 илјади лица од дијаспората, доаѓањето на попишувачите е побезбедно од одење во продавница – вели Симовски

Ние нема да влегуваме во становите, да мериме должина на ѕидовите, квадратура на проториите. Ќе гледаме на сите можни начини да имаме помали контакти со луѓето. Доаѓањето на попишувачот е побезбедно од одењето во продавница, рече Симовски.

March 16, 2021 08:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и на нивните семејства заврши. Продолжува процесот на попишување на дијаспората. Досега, преку електронската апликација попишани се над 60 илјади граѓани. Најмногу од Швајцарија, по што следуваат Германија и Италија. Помал е одѕивот во Канада и Австралија.

Според министерот за надворешни работи Бујар Османи, се уште е рано да се даде оценка за успешноста на попишувањето на дијаспората. Тој вчера на прес-конференција рече дека граѓаните кои живеат надвор од државата имаат уште 35 дена да се самопопишат и оти постојат повеќе причини за степеност на заинтересираност на дијаспората.

– Веројатно и дистанцата и степенот на информирање го прави своето. Не можам да прејудицирам дали има одредени други причини што може да бидат основа на таквиот помал одзив. Сега во овој период, мислам дека повеќе треба да бидеме проактивни како да стигне информацијата до нив, отколку во ретроактивни анализи, за кои е прерано да се прават, истакна Османи.

Тој нема информации дека некој од дијаспората активно го бојкотира пописот, меѓутоа не ја исклучува можноста за такво нешто бидејќи, како што рече, не можат да го знаат мислењето на сите граѓани кои живеат надвор од државата.

– Сметам дека во оваа фаза е најважно да стигне информацијата до секој од нив. Очигледно не сите граѓани во светот ја знаат информацијата и ја знаат важноста на пописот, за нив пред се. За првпат ќе имаме точни бројки за дистрибуцијата на нашите граѓани во светот, нивната структура и врз основа на тоа ќе можеме да ги димензионираме нашите услиги и нашите ДКП-а, за да може граѓаните да ги добијат услугите таму каде што живеат, но и да направиме политики да го поттикнеме нивното враќање назад, нагласи Османи.

Според опозицијата, бројките на самопопишани граѓани од дијаспората ја побиваат тезата на СДСМ за голем број на иселени лица од државата. Оттаму вчера повторно побараа одложување на пописот до септември бидејќи сметаат дека спроведување на пописот во актуелните услови со зголемен број на заболени од Ковид-19 ќе предизвика нов бран на корона вирусот. Во меѓувреме до септември, бараат имунизација на населението и на попишувачите.

– Во период кога на дневна база има по 20 жртви, во време кога од немајкаде ставија полициски час, ќе треба незаштитени партиски војници од партиски огласи, да попишуваат домаќинства, ќе одат од дом во дом кај граѓани. Попис во вакви услови ќе предизвика нов бран на корона, изјави вчера портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Власта останува на ставот за одржување на пописот. Вчера, и министерот Османи изјави дека верува оти Државниот завод за статистика ги има преземено сите мерки и протоколи за заштита на здравјето на попишувачите и на граѓаните и дека може да се искористи и искуството од последните избори кои исто така се одвиваа во услови на пандемија.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски викендот во телевизско гостување изјави дека ќе се применат сите можни начини попишувачите да имаат помали контакти со граѓаните и оти ако треба попишувањето ќе се врши пред вратите или во дворовите на куќите и становите.

– Ние нема да влегуваме во становите, да мериме должина на ѕидовите, квадратура на проториите. Ќе гледаме на сите можни начини да имаме помали контакти со луѓето. Доаѓањето на попишувачот е побезбедно од одењето во продавница, рече Симовски./МИА/.

Next Post

Со ковид-19 во земјава по вторпат се заразиле 116 лица, од нив двајца починале

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk