ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Компаниите во ТИРЗ учествуваат со 48 отсто од вкупниот извоз

March 17, 2021 10:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Компаниите активни во технолошко индустриските зони во февруари годинава учествуваат со 48 отсто од вкупниот извоз во националната економија, што е за 3 процентни поени повеќе од декември, со тенденција за понатамошен пораст. Истовремено вкупниот извоз од зоните во февруари е за речиси 17 отсто зголемен во однос на февруари 2020 година. Овој пораст е за 1,6 процентни поени повисок од порастот на вкупниот извоз во јануари 2021, во однос на јануари лани, покажува најновата анализа на Дирекцијата за ТИРЗ за економските активности технолошко индустриските зони во февруари годинава.

Компаниите во ТИРЗ учествуваат и со околу 40 отсто од вкупниот увоз во земјава кој во февруари изнесувал 249,3 милиони евра.

-Споредбено во рамки на зоните во февруари 2021 е регистриран благ раст од околу 2 отсто во однос на февруари 2020. Покриеноста на увозот со извоз останува значителнна. Така, во февруари 2021 нето извозот достигнува скоро +20 отсто, што е раст во однос на јануари 2021 за 2 процентни поени. Споредено со вкупната економија, покриеноста на увозот со извоз во јануари 2021 има позитивен тренд на подобрување од околу десет проеценти, но се уште е во минус 15,3 отсто, велат од Дирекцијата за ТИРЗ.

Бројот на вработени во зоните, додаваат, останува стабилен и во вториот месец од годинава. Во овие компании работат над 14.000 лица, при што кај дел од компаниите во тек се постапки за прием на нови работници. Според анализите на Дирекцијата за ТИРЗ, постојните договори со инвеститорите предвидуваат обврска за креирање на нови 7.500 работни места.

-ТИРЗ интензивно работи на развој на нов сет мерки за развој на човечкиот капитал, кој ќе придонесе кон поголема продуктивност и поголеми плати. Во овие процеси, иницирани од Дирекцијата за ТИРЗ, веќе се вклучени неколку меѓународни партнери како и компаниите инвеститори. ТИРЗ веќе го имплементира и нов модел на поттикнување на инвестициите, кој се фокусира на потребите на инвеститорите според кои се прилагодуваат и мерките и поддршката од државата. Само за последните три месеци во Дирекцијата за ТИРЗ се најавени или пристигнати писма за намери од повеќе постојни и нови инвеститори, со вкупен износ на нови инвестиции помеѓу 80 – 100 милиони евра, потенцираат од Дирекцијата за ТИРЗ.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Русија и Украина не постигнаа договор за прекин на огнот, ќе има размена на војници и цивили

July 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

July 23, 2025

Каранфилова Пановска: Штетна е Резолуцијата што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, отвора прашање за јазикот што веќе е затворено

July 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на CNN

    (ВИДЕО) CNN eксклузивно: Новооткриените фотографии и видео ги потврдуваат врските на Трамп со Џефри Епштајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ го отвора патот за Албанија за последното поглавје од преговорите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk