ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пратениците расправаат за Информацијата за состојбата со тутунот од реколтата 2020-2021

March 17, 2021 15:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците денеска во рамки на продолжението на 29. Седница расправаа за Информација за состојбата со тутунот од реколтата 2020-2021, заклучно до 21.12.2020 година, поднесена од пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот од оваа партија Љупчо Димовски истакна дека овој откуп е „еден од најкатастрофалните досега“ и покрај, како што рече, сите предупредувања и најдобра намера која ја имаа  пратениците предлагачи на информацијата од опозицијата се со цел да им се помогне на тутунопроизводителите.

– Процесот и подготовките за организиран откуп лошо започнаа, а организиран откуп воопшто и немаше, оцени Димовски.

Тој смета дека бил направен лош почеток со катастрофален избор на социјално-економскиот партнер на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, бидејќи било избрано здружение на земјоделци кое, според него, не е навлезено во проблематиката на оваа материја и во делот на преговорите за селекција и избор на мострите. Според него, мострите се клучен фактор од кој почнал „катастрофалниот откуп на тутунот“.

Димовски смета дека имало неколку пропусти, како нереално големата доверба која институциите ја имаат кон откупувачките компании, како и во раниот или предвремениот откуп на тутунот.

Кастриот Реџепи од Движењето Беса рече дека е добро на седницата да има претставник од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој ќе даде исказ или пак да присуствува ресорниот министер. Тој побара пауза, но претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека нема право да побара пауза, бидејќи немаат парламентарна група и тоа можат да го побараат само координаторите на парламентарните групи.

Во претпладневниот дел од расправата пратениците од опозицијата укажаа дека и покрај тоа што тутунот е стратегиска индустриско-земјоделска култура и има особено значење за нашата држава и за земјоделството, „им се прави голема неправда на тутунопроизводителите“, посочувајќи дека околу 140 илјади лица својата егзистенција ја наоѓаат во производство на тутун.

Пратениците од владејачкото мнозинство, пак, апелираа да не се користи маката на тутунопроизводителите, да не се манипулира со нив и да не ги лажат за да се добијат политички поени. Тие сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за земјоделците и оти „не ја познаваат нивната мака“.

Партениците денеска го разгледаа и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, во прво читање и констатираа дека тој е прифатлив и може да се даде на натамошно, второ читање, а изјаснувањето по него ќе се одржи кога ќе се создадат услови за тоа.

Џафери информира дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, кој беше предложен, по скратена постапка е повлечен.

Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза до 15 часот, кога треба да продолжи 29. седница, а во 16 часот треба да се одржи 25. седница.

извор: МИА

Next Post

Талевски: ВМРО-ДПМНЕ глумат загриженост, а во Собранието кочат мерка за исплата на шест милиони евра кон тутунопроизводителите

НАЈНОВО

Не е за пиење водата во Тетово поради голема заматеност

October 27, 2025

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки, сообраќајот по една лента

October 27, 2025

Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk