ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Борбата против фашистите е вечна

March 18, 2021 10:43
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕРО АРСОВСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Да ли не „затече“, изненади, најновата снимка на наци-фашистичкиот пир на ДПМНЕ платениците Пандов и Неделковски? Да ли бевме уверени дека по последните порази и судски разврски против нивните газди ќе се повлечат, смират, а некои од нив и опаметат?

Ако одговорот е „да“, сме се излажале.

Ете ги, исто така жестоки како и порано, малку затскриени во некоја селска биртија, без маски (зашто не признаваат ни Корона, ни мерки) и со старата излитена фашистичка „химна“. Они се истите, само сега МУТИРАНИ, скриени и исто толку опасни како и Корона вирусот, ја демнат својата нова голема шанса, кога ние ќе се опуштиме и подзаборавиме. Можеш ти фашизмот сто пати да го „прогласуеш“ за мртов, но тој баш како Корона 19 ќе бувне тука негде околу тебе, во дуќан, на улица, на ТВ екранот, во Стајковци, Сопиште, Струга, или негде во Шпанија, Нигерија, Америка. Па и во Германија или Австрија, Бугарија, да не ја заборавиме Унгарија!

Национализмот, шовинизмот, расизмот е секаде околу нас, се раѓа одново, се негува, слави, протиња прво како голем бизнис на Мастер фашистите, големите скриени фирери, кои под капата на човековите слободи и права ги хранат и плаќаат оние бараби што тоа најголемо зло и опасност по нашите деца и животи јавно го манифестираат и слават. Целта е сè што е страно, различно, нееднакво, да се прогласи за причина за сите неволји, неуспеси, несреќи, омрази и војни и со нова света и „патриотска“ војна да се грабне власта.

И тогаш, доаѓа пирот, славјето и главната гозба. Пљачка на народот без страв и пречка!

Сè по закон и под капа на државата. Е, тука доаѓа на ред прашањето, колку една држава, општество, и ние сите заедно, сме свесни за најголемата опасност по нашите, а и животите на нашите најблиски и колку сме подготвени за борба против таа несреќа и зло!

Борба, да!

Но тоа не е борба каква што би сакале тие: на улица, упади во Собрание, спречување на секакво чекорење заедно напред, туку борба пред се во нашите глави, ум, како определба, идеја, убедување, правда и наша подготвеност, а со тоа и обврска за борба против фашизмот.

Таа борба е вечна, не дозволува опуштање и невнимание, зашто ако ни се протне, избега, бувне и дојде до власт, фашизмот води во крвави борби, жртви и огромни катастрофи.

Затоа, секаде на спортските преноси, на терен, на секој дрес, да напишеме NO RACISM. Да го вградиме тоа во нашиот живот во нашите мисли, навики, срца како наш единствен пат, излез и обврска.

Многу е поубаво кога сме заедно, кога се почитуваме и сакаме, без оглед на разликите од кој и да е вид.

 


Сите права се задржани.  Текстот е личен став на Авторот.

Next Post

Стипендии за студирање на РАНЕПА во Москва

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Папата повика на „длабоко размислување“ за третманот на мигрантите во САД: Го критикуваше Трамп за масовните депортации

November 6, 2025

Планот на Исакман за НАСА вклучува беспилотна мисија на Марс следната година и соработка со SpaceX

November 6, 2025
Скриншот

Јапонија и САД ќе соработуваат во рударството на ретки земни метали кај островот Минамиторишима

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk