ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Др. Асани: Одговорно ја извршував мојата работа, совеста ми е чиста

March 18, 2021 10:11
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По разрешувањето од функцијата директор на струшката Општа болница, доктор Мухамед Асани преку фејсбук-статус се обрати до јавноста, во кој тврди дека одговорно ја извршувал својата работа и оти совеста му е чиста. Во однос на обвинувањата за извадени органи на пациентка од Дебар, гинекологот посочува дека таа своерачно потпишала дека се согласува со царски рез и можните ризици и дека бубрегот и го отстраниле хирурзи кои биле на операцијата.

– До денеска не се изјаснив, не затоа што немав што да коментирам или затоа што совеста не ми е чиста, како што и мислеа некои луѓе. Сето тоа го направив во почит на одлуката на соодветните установи. Иако против мене имаше толку обвиненија со цел да ми го уништат авторитетот, сепак мислев дека првично својот став треба да го кажат соодветните одговорни институции. Но сфатив дека во дел од јавноста ова е погрешно сфатено, вели Асани.

Тој обвини дека дел од порталите воделе кампања против него, не како лекар, туку како директор на Општа болница – Струга, функција која ја извршува повеќе од една година.

Во однос на случајот со пациентката од Дебар, наведува дека била примена во болница и направена и била предоперативна подготовка по протокол.

– Беше втор царски рез кај пациентката и, нормално, како по секој оперативен зафат, ризикот и можноста за компликации се зголемуваат во секој нареден зафат. На пациентката детално и е објаснета операцијата, ризиците, интра и постоперативните компликации и таа свесно со своерачен потпис се согласила. Постоперативно пациентката беше под надзор секој ден од дежурните екипи (двајца лекари специјалисти гинеколози – акушери и четири сестри акушерки), кои констатирале дека пациентката секој ден била стабилна, пишува Асани.

Петтиот постоперативен ден, според него, состојбата на пациентката се комплицирала (интраабдоминална хеморагија), хеморагичен шок, животозагрозувачка состојба ако не се интервенира навреме и брзо.

– Итно влеговме во операциона сала екипа од двајца гинеколози, двајца хирурзи и двајца анестезиолози, секој работејќи на својата област. После една екстремно тешка и вонредна работа, која траеше цели осум часа, успеавме да и го спасиме животот на пациентката. Сакам да нагласам дека гинекологот не вади бубрег. Бубрегот е изваден од страна на хирурзите, кои во моментот имале индикација за тоа, зашто само на тој начин можело да го спречат крвавењето кое потекнувало од таму (сето ова е документирано), пишува довчерашниот директор на Болницата во Струга.

Тој нагласува дека се соочиле со многу тешка операција, која се прави во специјализирани клиники, но оти со голема посветеност и упорност од целата екипа, завршила успешно. Потоа пациентката била препратена во КАРИЛ за интензивен мониторинг и понатамошна евалуација.

Вели дека интервенцијата била извршена професионално и тоа позитивно била оценето уште при приемот на пациентката на КАРИЛ, а потоа и од комисијата формирана од Лекарската комора.

– По деталната анализа за случајот, донесена е одлука: Не е констатирано ниту еден прекршок во тек на инервенцијата, не е најдено никаква лекарска грешка и секој чекор бил по медицинските протоколи, пишува Асани.

Вели дека со својата посветена работа повеќе од 30 години докажал дека не е несовесен лекар и оти го жртвувал времето за семејството за да биде во служба на секој што имал потреба од него.

извор: МИА

Next Post

За една недела во Скопје отстранети 234 непрописно паркирани возила од јавните површини

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk