Според наредбата издадена од кинеската војска, сопствениците на автомобили „Тесла“ треба да ги паркираат своите возила надвор од воените простории.
Претставникот на „Тесла“ во Кина одби да ги коментира информациите, а кинеското Министерство за одбрана не одговори во врска со таа информација.
„Тесла“, како и другите производители на автомобили, користи неколку помали камери, главно поставени на надворешната страна на возилото, за да го олесни паркирањето, да овозможи функции на автопилот и на автономно возење. /МИА/





