Процесот на гласање за избор на претседател на СДСМ се одвива одлично во сите избирачки места, без попреченост на изборниот процес и без каков било застој. Од активно регистрираните вкупно 68.999 запишани членови во избирачкиот список до 12 часот своето право го искористиле и гласале 32.198 членови на партијата. Излезноста до 12 часот е 46 отсто, информираа на прес-конференција од Централната изборна комисија на партијата, изјави Викторија Мадиќ, претседателка на ЦИК на СДСМ.
Од активно регистрираните вкупно 68.999 запишани членови во избирачки список, до 12.00 часот своето право го искористиле и гласале вкупно 32.198 членови.
Излезноста до 12.00 часот е 46%.
Ќе споменам неколку примери од различни општини:
Прилеп 54%
Тетово 47%
Штип 37%
Струмица 60%
Ресен 45%
Карпош 38%
Ѓорче Петров 43%
Кисела Вода 31%
Делчево 58%
Гостивар 36%
Битола 39%
Куманово 32%
Ова според нас е висок одѕив, имајќи предвид дека станува збор само за 4 часа од отворањето на гласачките места, рече Мадиќ.
Гласањето трае до 19.00 часот, отворени ќе бидат избирачките места.
Вечерва, по завршување на процесот најавувам дека Централната изборна комисија ќе се обрати повторно до јавноста да соопштиме информации за текот на целиот ден а потоа и за првичните резултати.
Гласањето ќе трае до 19 часот и дотогаш ќе бидат отворени сите избирачки места. Вечер по завршувањето на целиот изборен процес Централната изборна комисија ќе информира за првичните резултати.




