ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Формиран Граѓански инспекциски совет

March 22, 2021 12:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Влијание врз Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), но и врз другите јавни институции во насока на подобрување на инспекцискиот надзор, со цел поефикасно справување со загадувањето на животната средина е основната цел на Граѓанскиот инспекциски совет, формиран од вкупно 26 невладини организации, здруженија на граѓани и високо образовни институции.

Граѓанскиот инспекциски совет при ДИЖС е формиран на иницијатива на Зелениот институт во соработка со Институтот за комуникациски студии, во рамките на кампањата „Разбистри сѐ“.

Лилјана Поповска од Зелен институт на денешната онлајн прес-конференција посочи дека оваа кампања се покажала како инзвонредна алатка за вклучување на граѓанските активисти и за влијание врз институциите во насока на поодговорно вршење на своите работи и спроведување на законите.

Овој Инспекциски совет треба да работи на подобрување на ефектите од работењето на Државниот инспекторат за животна средина.

Попоска истакна дека најпрвин се обратиле до Државниот инспекторат за животна средина да понудат соработка и да прашаат дали се отворени за еден ваков вид соработка.

-Добивме потврден одговор, по што се обративме до Инстиутот за комуникациски студии да ги известиме за оваа иницијатива и тие понатаму ја проследија оваа иницијатива до целата мрежа на алијансата „Разбистри се“, и направија повик за вклучување во оваа иницијатива. И на таков начин беше формирана оваа мрежа од 26 невладини организации и високо образовни научни институции за влијание и соработка со Државниот инспекторат за животна средина, додаде Попоска.

Како што појасни, целта е да се влијае врз Државниот инспекторат за животна средина, меѓутоа и врз другите јавни институции поврзани со оваа проблематика во насока на подобрување на инспекцискиот надзор за намалување на загадувањето.

Според структура, како што рече, тоа е мрежа на граѓански организации поврзани по хоризонтала со Координативно тело од 7 до 10 члена, девет членови во Координативно тело кое што произлезе од иницијативниот состанок пред еден месец на кој што првично дојдоа 21 субјект.

Координативното тело се избира според досегашните искуства и активност.

Таа информира дека е предвидено Граѓанскиот инспекциски совет да функционира со редовни двонеделни состаноци и средби со Државниот инспекторат за животна средина, на што од оваа институција се обврзаа и со најмалку едномесечни средби на целиот состав на Граѓанскиот инспекциски совет.

-Во меѓувреме на дневна основа се обврзуваме да се информираме меѓу себе за сите новости поврзани со работењето и активностите на Државниот пазарен инспекторат за животна средина, но и со случувања поврзани со животната средина за која што директно ќе можеме да иницираме да бидат поведени постапки доколку се забележи дека тоа е случај, додаде Попоска.

Таа посочи дека Граѓанскиот инспекциски совет треба да има увид и можност за влијание врз работењето на Државниот инспекторат за животна средина, да ја користи својата експертиза во одредени области за решавање на случаи, потоа по договор може да поднесува барање и тужби до одредени институции и на сите функции кои не постапуваат според законите за заштита на животна средина, за тоа ја известува јавноста за активностите, но и за проблемите, и ја повикува по потреба за дополнително влијание и постигнување на целите што се од јавен интерес.

Како што информира Невена Георгиевска од О2 Иницијатива, едно од првите активности како Инспекциски совет ке биде Законот за инспекција во животна средина.

-Овој закон веќе пет години е заглавен на енер и ништо не се случува по него, така да нашата активност ќе биде насочена во учество на граѓанските иницијативи во неговата финална изработка и конечно негово носење и зигласување, рече Георгиевска на прес-конференција.

Една како првични активности, додава таа, ќе биде и побарување на ревизија на одредени документации кои според извештаите на Државниот инспекторат за животна средина увидено е дека има многу неусогласености со законите. Како што посочи, се однесува на одредени лаборати, така да Инспекциски совет ќе бара ревизија на тие одредени документи за се да види што се случувало, како биле носени и што понатака, дали има одредена одговорност од тие службени лица.

-Други активности зависат многу и од тековните работи на Државниот инспекторат за животна средина кој на исте средби ќе не известува, ќе гледаме каде има проблеми но и на оние одлуки што ги дал Државниот инспекторат ќе видиме како се спроевдуваат на терен. Дали е таква состојбата како што предвидела нивната одлука или  нивната наредба до одредени институции како да ја завршат таа одлука. Ова првично што го зацртавме понатака ќе биде дополнувано, додаде Георгиевска.

Ана Петровска директорка на ДИЖС денеска на прес-конференција информира дека од јануари до 12 март во текот на 2021 година, се спроведени 407 надзори и се издадени 107 решенија.

-Во однос на претходни години, во 2020 година се издадени 400 решенија за цела година, а само за едно тромесејче имаме 107 решенија, што значи навистина ја зголемуваме своја ефикасност и се грижиме за она што ке се најде на терен, иснаталциите, да го коригираат, рече Петровска.

Таа појасни дека опсегот на работа и одговорноста се исклучително големи а ресурсите се ограничени затоа бараале и нови вработувања во Инспекторатот.

-ДИЖС продолжува да се отвора целосно во однос на својата работа кон јавноста. Ние вршиме надзор врз спроведување на околу 20 закони и 200 подзаконски акти преку редовни и вонредни инспкециски контроли што тековно се реализираат од страна на 16 инспектори врз инсталации што поседуваат интегрирани еколошки дозволи, одобрени од елаборати за заштита на животната средина од министерот за животна средина, потоа дозволи за постапување со отпад, колективни постапувачи за посредни текови на отпад и правни лица кои се членови во колкеитвни постапувачи, здравствени установи во однос на постапувањето со медицински отпад и многу други активности, додаде директорката.

Редовните надзори, како што посочи, се планираат согласно методологија за процена на ризикот кој зависи од потенцијалот на инсталација да изврши влијание врз животната средина и врз основа на податоци за претходни неправилности, односно настанати хаварии, се прават годишни и месечни планови за редовни надзори кои се доставуваат до Инспекцискиот совет.

-До Инспекцискиот совет доставуваме и шест месечни извештаи за спроведени надзори и изречени мерки. Инспекторатот за животна средина е целосно отворен пред јавноста и известува редовно за својата работа достапна е и алатка за пријави загадување од неодамна во рамки на кампањата „Разбистри се“. Преку оваа алатка ние секојдневно добиваме пријави но поголем дел станува збор за пријави од локална надлежност како што се настанување на диви депонии, шумски пажари, палња стрништа и оган на отворено. Голем од овие појави не се во наша надлежност и ваквите случаи ги проследуваме до надлежен овластен инспектор, додаде Петровска.

Според неа, инспекцискиот надзор на локално ниво треба да се подобри, и тука, како што рече, смета на Граѓанскиот инспекциски совет, да се обезбедат услови во општеството да се разбере улогата на локални инспекции и соработка меѓу инспекциите на национално и локално ниво.

-Ние инициравме такви соработки, соработката со градот е исклучително добра, и со општините во градот Скопје но во внатрешноста сметам дека оваа соработка треба да се искачи на повисока ниво, рече Петровска.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ/ Фотографија: Б. Јордановска

Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

July 20, 2025
Генерирано со ВИ

При полетувањето и слетувањето, ролетните на авионот треба да бидат подигнати

July 20, 2025

Мистеријата на рачните чанти: Антички симбол или трага од изгубено знаење?

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украинскиот министер Сибига: За правилните називи и самопочитта – Кијив, не Киев!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk