Општина Центар обезбеди донација за сите учесници во проектот „Младите –
креатори на нашата иднина“, проект во организација на Републичкото здружение на децата
бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија- Т’га за југ.
Под мотото „Едно општество за сите“ и по иницијатива на младите членови на здружението, овој
проект има за цел да им помогне на младите да ги развијат своите таленти во повеќе области, но
и поддршка за развој и напредок на младите.
„Општина Центар е долгодишен пријател на Републичкото здружение на децата бегалци и
нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија – Т’га за југ и секоја година заеднички градиме
нови патишта на пријателство и соживот. Навистина се радувам дека и оваа година имаме уште
една заедничка соработка, која има за цел да ја поттикне креативноста кај младите и интересот
кон глумата, музиката и творењето, како значајни особини во формирање на нивната личност“ –
изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.
Општина Центар обезбеди донација во форма на дидактички материјали и училишен прибор за
учениците од петто до деветто одделение, односно материјали за триста ученици од цела држава,
за децата со потешкотии во развојот и за децата од социјално ранливите семејства.
„Огромна благодарност до градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ за несебичната
помош и поддршка. На наше големо задоволство добивме материјали кои се неопходни за
реализација на проектот и не можеме да опишеме колку е значаен овој гест за децата и младите.
Во име на сите здруженија во Северна Македонија изразуваме огромна благодарност до Општина
Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ“ – Републичкото здружение на децата бегалци и
нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија – Т’га за југ