ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Реинтеграција на ранливите повратници во заедницата е прашање на кое Министерството со поддршка на ЕПИ, УНДП и Светска банка подготвено ќе одговори

March 22, 2021 14:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на денешната средба со претставничките на Институтот за европски политики(ЕПИ) разговараше за регионалниот проект поддржан од ЕУ за темелните права на ромската заедница и реинтеграција на повратниците од ЕУ. Прроектот го кој го спроведуваат Светска банка, УНДП и Советот на Европа, а директен корисник е Министерсвото за труд и социјална политика.

Улогата на ЕПИ е поддршка на Министерството за труд и социјална политика и УНДП преку подготовка на Методологија за оценка за ранливоста на повратниците на локално ниво, за достапните услуги, локалните потенцијали и партнери кои можат да дејствуваат како релевантни даватели на услуги, во областа на социјалната и здравствена заштита, при обезбедувањето на лична документација и нивна активација на пазарот на труд.

Од ЕПИ информираа дека со проценката на ранливоста ќе бидат опфатени шест општини, а врз основа на резултатите ќе бидат издвоени три од нив за спроведување на натамошните проектни активности.

Министерката за труд и социјална политика, Шахпаска истакна дека прашањето со повратниците во нашата земја е особено важно прашање, земајќи го предвид и евроинтегративниот пат на нашата држава и спроведувањето на поглавјето 23 за правда и човекови права.

„Пристапот кон социјалните услуги, вработувањето на овие лица, образованието и домувањето се главните точки на кои Министерството е подготвено да работи со цел нивна ефективна реинтеграција,“ истакна Шахпаска. Таа се осврна на олеснетиот пристап на гарантирана минимална помош за ранливите категории на граѓани, во кои спаѓаат и повратниците, со цел обезбедување на средства за пристоен живот. Како особено важна министерката ја посочи нивната активација на пазарот на труд , со цел избегнување на можноста за нивна пасивизацијата како дел од системот за социјална заштита.

Министерката Шахпаска изрази силна поддршка на овој проект и подготвеност за соработка со цел негова успешна реализација.

 

Next Post

Завршни зборови на Обвинителството за случајот со убиството на Ангел Петковски

НАЈНОВО

Скриншот

Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

November 5, 2025

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk