ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Без јавен оглас склучени договори за јавни набавки во вредност од 11 милиони евра

March 23, 2021 11:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Без објавување јавен оглас склучени се договори за јавни набавки во вредност од 11 милиони евра, покажува најновиот извештај од спроведениот мониторинг на Центарот за граѓански комуникации за периодот јануари – јуни 2020 година. Ова, е за 15 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2019 година.

Според резултатите од мониторингот, на секој трет трендер е доставена една или ниту една понуда, а најниската цена е користена во 96 проценти од случаите како критериум за избор на најповолна понуда со што е задржан неповолниот тренд од претходната година.

– Оправдан е сомнежот дека со толку големата примена на критериумот „најниска цена“ се доведуваат во прашање начелата на економичност и ефикасност на јавните средства, велат од Центарот за граѓански комуникации.

Електронската аукција е користена во 92 проценти од тендрите со што, според Центарот за граѓански комуникации, се овозможува и натаму да бидат широко распространети манипулациите што таа ги генерира во јавните набавки.

Симптоматично е и тоа што некои понудувачи доставувале понуди блиску до проценетата вредност, иако проценетата вредност на тендерите не се објавува јавно.

Забележано е и непочитување на Законот за јавни набавки кај локалните тендери, особено во делот на образложението на потребата од набавката и на причините за неделивост.

Констатација од спроведениот мониторинг е и тоа дека институциите не се консултираат со бизнис секторот во насока на подобрување на тендерските документации, односно во мониторираниот период спроведен е технички дијалог само за 1,4 проценти од тендерите.

Мониторингот на јавните набавки се спроведува во рамки на активноста „Јавно трошење за јавно добро“, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е да се зголеми ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

извор: МИА

Next Post

Маричиќ во Брисел на средби со Јурукова и Шидер

НАЈНОВО

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

October 27, 2025

Д-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Како Маите можеле точно да ги предвидат затемнувањата на сонцето со векови

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk