ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Започна првиот физички министерски состанок на НАТО од почеток на пандемијата

March 23, 2021 13:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Министрите за надворешни работи на НАТО на пладне ја започнаа првата седница од дводневниот состанок во Брисел. Ова е првата физичка средба на министрите за надворешни работи на НАТО од почетокот на пандемијата.

На состанокот учествува македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој изутринава порача дека Северна Македонија стои рамо до рамо со нејзините сојузници во Алијансата и ги споделува вредностите на организацијата.

Во Брисел е присутен и новиот американски државен секретар, Ентони Блинкен, за кого ова е прва средба во седиштето на НАТО на оваа функција.

На дневен ред на министрите денеска се подготовките на претстојниот самит на НАТО кој ќе се одржи подоцна оваа година, како и иднината и перспективите на Алијансата за 2030 година, како да се адаптира овој сојуз на новите безбедносни предизвици.

Голем дел од разговорот ќе биде посветен на Русија, која според НАТО сојузниците станува сѐ попроблематичен партнер поради сѐ поагресивното однесување.

Присуството на американскиот државен секретар ќе биде прилика за НАТО да нагласи повторно дека е важно да се зајакнат трансатлантските односи.

-Дојдов тука да ја изразам цврстата посветеност на САД за Алијансата, која е темел на мир, просперитет и стабилност за трансатлантската заедници повеќе од 70 години. И дојдов во Брисел затоа што САД сака повторно да ги изгради партнерствата, пред сѐ со своите НАТО сојузници, сакаме да ја ревитализираме Алијансата и да ја направиме силна и ефикасна против денешните закани како што била и во минатото, изјави Блинкен утрово на прес конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

-Имате декади искуство во надворешната политика и националната безбедност. И знам дека имате силна лична посветеност на НАТО, на трансатлантската врска. Поради тоа навистина ја ценам оваа прилика да Ве поздравам на Вашата прва посета на Европа, во седиштето на НАТО, му порача Столтенберг на Блинкен.

Столтенберг говореше за глобалните предизвици, со кои се соочуваат земјите-членки во моментов, набројувајќи ги руските дестабилизирачки активности, заканата од тероризам, кибер нападите и нуклеарната пролиферација, разурнувачките технологии, подемот на Кина и влијанието на глобалното затоплување и климатските промени врз безбедноста.

-Ниту една земја, ниту еден континет не можат да се соочат со овие предизвици сами. Ниту Европа може сама, ниту Америка може сама. Но Европа и Америка можат заедно во НАТО. И нашиот состанок денеска ќе биде можност да укажеме како ја зајакнуваме оваа врска додека се подготвуваме за Самитот во Брисел подоцна во текот на оваа година, рече Столтенберг.

Министрите ќе разговараат и за Блискиот Исток и Северна Африка, како и состојбата во Авганистан. 

извор: МИА

Next Post

Шаќири: Остануваме посветени на клучните реформи од Извештајот на ЕК

НАЈНОВО

Фото: „Конект“

Добротворна модна акција вечер во Скопје

November 4, 2025
Џоди Фостер и Ентони Хопкинс. Кларис и Лектор во Кога јагнињата ќе стивнат

Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

November 4, 2025

Холандскиот парламент со најголем процент жени-пратенички досега (43%)

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk