ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери останува на ставот да се изгласа дневниот ред на 36. седница, па потоа приоритетните антикризни закони

March 24, 2021 15:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Талат Џафери засега останува на ставот дека пратениците треба најнапред да го изгласаат дневниот ред на 36. седница и притоа да се утврдат приоритетни точки за гласање, а не, како што бара ВМРО-ДПМНЕ, да се одржи посебна седница на која би се изгласале одлуката за продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница и трите закони поврзани со антикризните мерки за Ковид-19.

Од Кабинетот на Џафери за МИА велат дека на прес-конференцијата во понеделникот претседателот на законодавниот дом образложил зошто мора да биде така повикувајќи се на членови на Деловникот за работа на Собранието, и оти на дополнителни прашања во врска со оваа тема ќе одговара на утрешниот редовен брифинг со новинарите.

-Пленарните седници се свикуваат врз основа на членот 68 од Деловникот за работа на Собранието. Јас сум ја свикал седницата на 9-ти за да се одржи на 23-ти, рече Џафери на прес-конференцијата, нагласувајќи дека не прифаќа ултимативни барања од опозицијата.

Тој тогаш кажа дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на координацијата понудила решение со тоа што нивните пратеници ќе направат кворум за да може да се донесат одлуката за кризната состојба и трите закони за поврзани со ковид- мерките. Џафери рече дека на координацијата укажал дека тоа е спротивно на закон и на процедурите.

-Усвојувањето на дневниот ред е надлежност на пленумот, а не слободна волја на предлагачот на дневиот ред, претседателот на Собранието па да може да се прави калкулации, рече Џафери.

Освен брифинг со новинарите, во Собранаието утре треба да се одржи и седница за поставување пратенички прашања.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска го повика Собранието утре пред седницата за пратенички прашања да се свика седница само за одлуката за кризната состојба и за трите антикризни закони.

Во изјава за медиумите, пак, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев кажа дека утре ќе одржи средба со претседателот на Собранието Џафери, како и со лидерот на ДУИ Али Ахмети, со цел, како што рече, да се разгледаат одредени можности за одблокирање на Собранието.

Изрази надеж дека блокадата на Парламентот е од времен карактер поради позитивни пратеници на Ковид-19, по чие враќање ќе се стави во функција Собранието за поголем дел од точките на дневен ред и поважните закони.

Владејачкото мнозинство во Собранието во моментот брои 62 пратеници, а двајца од нив се позитивни на Ковид-19. Поради тоа мнозинството не може да обезбеди крворум за работа и да се гласа за одредени закони, доколку опозицијата не присуствува на седниците. Дополнително, пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива со над 32.000 амандмани блокираат 20 закони, меѓу кои и одлуката за продолжување на кризната состојба со околу 400 амандмани, поради неподдршката за нивниот Закон за државјанства.

извор: МИА

Next Post

Заев со честитки до Курти: Нашата соработка продолжува со несмален интензитет во сите области од взаемен интерес

НАЈНОВО

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Уапсени три жени за планирање на терористички напад во Париз

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk