ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Продолжува борбата против корупцијата и криминалот, законот ќе важи за сите

March 24, 2021 14:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Законот ќе важи за сите, борбата против корупцијата и криминалот, но и одговорноста за сите постапки ќе продолжи уште посилно и уште понеселективно, порача денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. 

-Покажавме на дело дека нема недопирливи, дека законот важи за сите, дека сега сите се соочени со правдата и одговорноста, ќе ги подобриме уште повеќе условите и уште повеќе млади луѓе ќе веруваат во државата и во институциите ќе се вратат назад. И нема назад од таа политика и од таа работа која што на многу структури во земјата, на многу кои се огрешиле пред законот им пречи, најмногу им пречи на опозицијата која постојано блокира и економски политики, се што е од интерес на граѓаните, рече Николовски, во одговор на новинарско прашање, по посетата на компанијата „БРАКО“ во Велес. 

Прашан за коментар за одморот во Дубаи, тој посочи дека станува збор за одмор од три дена кој му следува законски, и бил договорен многу порано. 

– Три дена одмор на 16 часа работа за граѓаните и за државата, чесно, искрено имам право да ги посветам на сопругата, можеби контекстот и од оваа временска дистанца е направена грешка од наша страна што е избран Дубаи три дена и не како одмор туку и работни состаноци на сопругата која работи за странска компанија, не за домашна. А за платата што ја добивам имам право на 16 часа работа, три дена во годината да искористам за одмор, посочи Николовски. 

Тој додаде дека можеби се праќа лоша порака и се извинува во тој дел, но, како што рече, борбата против корупцијата и криминалот и одговорноста за сите постапки ќе продолжи уште посилно и уште понеселективно. 

-А точно Љупчо Николовкси како било кој друг граѓанин има право на одмор законски, како што му следува, и тоа што законски ми следува нема да дозволам никој да ми го попречи, рече вицепремиерот. 

Исто така, вицепремиерот напомена дека ниту се вакцинирал ниту правел бизниси, ниту ќе прави туку, како што потенцира, ќе се бори против корупција и криминалот и против сите криминалци во државата кои ќе треба да одговараат. 

– Ниту сум се вакцинирал, ниту сум бил со службен телефон, ниту сум бил со службен или дипломатски пасош, ниту сум користел службено возило, ниту еден денар од државата Љупчо Николовски нема искористено во време кога е на позиција, потенцира Николовски. 

Посочи оти е свесен дека вакви удари ќе има, но тоа, како што рече, нема да го поколеба на патот за средување на општеството, на институциите, на враќаење на довербата на младите во државата. 

-Законот ќе важи за сите, и во такви услови денеска сме соочени да за Љупчо Николовски бараат и сакаат да пронајдат било што што е незаконски и лошо направено и во отсуство да не може да помине ниту една од нивните етикети, затоа сме решени оваа висока борба против корупција и криминал да продолжи до крај, додаде Николовски.

извор: МИА

Next Post

Маричиќ во Брисел: Ќе се дигитализираат над 100 судови во земјата

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk