За стратегијата што ја воведе во филмот, за мотивот на нападите, продуцентот и поранешен директор на Агенцијата за филм, член на Европски продуцентски клуб и Европската филмска академија, Горјан Тозија, во интервју за „А1.он“.
Тој објаснува дека основна задача на Агенцијата за филм е да го препознае потенцијалот на проектите.
Тозија вели дека не било лесно да се спротивстави на повеќегодишната пракса на Агенцијата, која, како што вели тој, работела без стратегија и со сомнителни поддршки на проекти. Вината за погрешните одлуки на Агенцијата во минатото ја наоѓа во политичкото влијание во минатото.
Според Тозија, низ историја на филмот е познато дека многу наслови кои не биле реализирани со високи буџети станале антологиски, а од друга страна, пак, мегаломански филмови немале никаков успех.
Во однос на транспаретноста на работењето, Тозија вели дека веднаш се заложил Агенцијата да ја воведе праксата да се објавува сублимат на сите потрошени средства во тек на една година во публикацијата „Факти и бројки“, која почна редовно да се објавува.
Целото интервју на Тозија за „А1.он“, ТУКА





