Министерството за животна средина и просторно планирање денеска соопшти дека до 9 април 2021 година ќе има прекини во работата на дел од станиците или на дел од инструментите од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот.
Прекините што почнаа од вчера се поради замена на дел од постоечките инструменти за следење на концентрациите на суспендирани честички со големина до 10 микрометри микрометри (РМ10), озон, азотни оксиди и уреди за меморирање на податоци и управување со инструменти. Дополнително, како што се наведува, ќе се инсталираат и нови инструменти за следење на концентрациите на суспендирани честички со големина до 2,5 микрометри (РМ2,5).
Оваа активност е дел од проектот „Подршка на Северна Македонија во пристапувањето во ЕУ во областа на животна средина“ со Шведската агенција за заштита на животната средина и Амбасадата на Кралството Шведска.
извор: МИА