ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Одлагањето на преговорите за членство со С Македонија создава проблем со кредибилитетот на ЕУ

March 25, 2021 13:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлагањето на почетокот на преговорите за членство со Северна Македонија создава проблем со кредибилитетот на Европската Унија и тоа се рефлектира не само на нашиот случај, туку и врз целиот регион, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров во обраќањето на конференцијата на тема „Како да се врати проширувањето на ЕУ на вистинскиот пат? Приоретизирање на владеењето на правото и реформите во правосудството“.

Како што соопшти денеска Секретаријатот за европски прашања, конференцијата, која се одржа на покана на повеќе тенк-тинк организации од регионот и ЕУ за означување на почетокот на тригодишниот проект „Западен Балкан кон ЕУ/WB2EU“, беше можност за актуелизирање на предизвиците на македонските европски интеграции.

Во тој контекст вицепремиерот Димитров посочи дека oваа година одбележуваме две декади, односно 20 години од склучувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу земјава и ЕУ и 16 години откако Северна Македонија го доби кандидатскиот статус за членство во Унијата.

– Чекавме бидејќи имавме спор со нашите соседи од Атина, па го решивме. Па потоа имаше проблем со вербата во самиот процес на пристапување, па моравме да чекаме за новата методологија. Па ги следевме зборовите на Советот од јуни 2018 – патот ќе биде трасиран во јуни 2019 година. Па потоа во јуни 2019 беше кажано дека ќе се вратиме на ова прашање во октомври 2019 година – за конечно во март минатата година – на почетокот на оваа ужасна пандемија со КОВИД-19, да добиеме зелено светло, но овојпат ЕУ не може да ја исполни сопствената одлука, иако во нашиот случај таа беше безусловна. Очигледно постои проблем со кредибилитетот на Европската Унија и мислам дека ова се рефлектира не само на нашиот случај, туку врз целиот регион, изјави Димитров.

Вицепремиерот за веропски прашање во обраќањето го отвори и прашањето со политизирањето на билатералните проблеми низ преговарачкиот процес.

– Киднапирање на процесот со билатерални прашања ја поткопува политиката на условеност што е основен предуслов за успех на процесот на пристапување – испорачување резултати од двете страни. Особено кога овие билатерални прашања се против темелните принципи и вредности како што е јазичната и културната различност на континентот – значи, нашиот проблем не е територијален спор, не е прашање на затворање на нуклеарна централа, туку нашето право на самоопределување: Јас сум Македонец и јас не би требало да бирам помеѓу тоа да бидам Македонец кој зборува македонски јазик и да станам Европеец во смисла на дел од Европска Унија, нагласи Димиторв.

Вицепремиерот ја искористи можноста и за да порача дека Северна Македонија сепак нема да биде фокусирана само на отстранување на пречките, туку ќе остане посветена на реформите од првиот кластер – темели преку планот Агенда: Европа дома, што всушност ги опфаќа приоритетните барања на самите граѓани.

На конференцијата меѓу другите, покрај Димитров, учествуваа и потпретседателката на Европскиот парламент Катарина Барли и австриската министерка за европски прашања Каролина Едштадлер, се додава во соопштението на СЕП.

извор: МИА

Next Post

Џафери: За сè треба да има договор, но не преку фејсбук, туку преку координација

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk