ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пратениците се договорија околу законите од петтиот пакет мерки и продолжија со пратенички прашања

March 25, 2021 15:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците попладнево, откако го усвоија дневниот ред на 36. седница, по предлог на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, се договорија да ги повлечат сите точки и да расправаат само за трите закони од петтиот пакет антикризни мерки, како и за Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија.

Тие едногласно, со 87 гласови „за“, без ниту еден против или воздржан, го поддржаа ваквиот предлог на Мицевски.

-Очигледно дијалогот вроди со плод, за да бидеме конзистентни кон 12.000 компании и физичките лица кои вршат самостојна дејност, барам од пратениците да го поддржат предлогот што го даваме неколку дена – за итна помош на компаниите по основ на петтиот пакет мерки. Имаме на оваа седница и наши точки, но подготвени сме да ги одложиме за да поминат овие, за економските мерки. Затоа барам поддршка, за граѓаните да не го гледаат овој театар. Сите точки од дневниот ред да се повлечат и да останат одлуката за кризна состојба, точката за поддршка на физички лица, Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите, како и Предлог-зконот за изменување на Законот за личен доход по скратена постапка. Потоа очекуваме да се закаже и Комисија за финансирање и буџет и да престанеме да бидеме здодевни со нашите игри, истакна Мицевски, образложувајќи го предлогот.

Спиекрот Џафери пред да го стави предлогот на гласање, рече дека работите и нештата за функционирање на Собранието треба да се одвиваат внатре, во Законодавниот дом, а не надвор.

-Останав конзистен на фактот дека процедурите подразбираат одлука на пленумот, а не моја волја. Се што зависи од мене лично ќе биде спрoведено во полза на интересот на Собранието, а по ваш избор, подвлече Џафери.

За збор процедурално се јави и координаторот на СДСМ, Јован Митревски со забелешка дека ВМРО-ДПМНЕ можела да ги повлече од неа поднесените точки, а на да бара сега нивно повлекување.

-Сакам да изразам жалење за професионалните војници, за здравствените работници, за Законот за служба во АРМ кој предвидува 25.000 евра отпремнина, што ќе мора да почекаат, рече Митревски.

Димитар Апасиев од Левица, пак, го поздрави договорот постигнат меѓу пратениците, истакна дека победил разумот, но изнесе и конкретен предлог – на седницата да се додаде Предлог-законот за престанок на Законот за попис.

На тоа Џафери рече дека за оваа точка може да се произнесе само предлагачот и го повика Мицевски.

-Реков дека има многу точки предложени од нас. Очекувам да биде закажана итна седница на која Предлог-законот за престанок на Законот за попис ќе биде на дневен ред. Но, не е само ова точка, тука се и интерпелациите на министерот за правда Бојан Маричиќ и на вицпремиерот Љупчо Николовски, како и Информацијата во врска со актуелните состојби во здравството со осврт и на кризата предизвикана од коронавирусот, напомена Мицевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери образложи дека поради тоа што Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од корона кризата заради исплата на платите за февруари и март 2021 година, Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19 за месеците февруари и март 2021 година и Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на личен доход, се во скратена постапка, согласно Деловникот не може да се отвори расправа по нив ако не заврши расправата на комисиите. Тој ги повика Законодавно-правната комисија и другите матични тела да го известат кога ќе се одржат нивните седници за да може да ги извести пратениците за поднесување  амандамни.

Џафери тука ја прекина седницата. Моментно е во тек 37. седница на која се поставуваат пратенички прашања. 

извор: МИА

Next Post

Богојески: Зошто Апасиев се шашардиса кога му поставија прашање за Орце Камчев?

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk