Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија донесе одлуки за одредување на парични награди за сениорската женска и сениорската машка ракометна репрезентација, односно ги донесе следните одлуки, известуваат од Ракометната федерација
Парична награда во вредност од 10.000 EUR нето на женска сениорска ракометна репрезентација за остварен максимален учинок (3 победи) на квалификацискиот турнир за обезбедување бараж натпревар за пласман на СП Шпанија 2021;
Парична награда во висина од 40.000 еврането износ доколку сениорската женска ракометна репрезентација обезбеди пласман на Светско Првенство во Шпанија 2021 година;
За освоено прво место во квалификациска група во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022 година парична награда за сениорската машка ракометна репрезентација во висина од 40.000 евра нето износ,
За освоено второ место во квалификациска група во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022 година со освоени 10 бода парична награда во висина од 30.000 евра нето износ,
За освоено второ место во квалификациска група во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022 година со освоени помалку од 10 бода парична награда во висина од 20.000 евра нето износ.
Од Ракометната федерација известуваат дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, овие одлуки ги донесе согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации.
Ј. Ѓ.