ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тинеке Штрик: Бугарските барања немаат никаква врска со критериумите за членство во ЕУ

March 25, 2021 11:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарските барања кон Северна Македонија за идентитетските прашања немаат никаква врска со критериумите за зачленување во ЕУ, вели холандската европратеничка од редовите на Пратеничката група на Зелените, Тинеке Штрик за „ЕУ Обсервер“.

– Ние навистина не гледаме деструктивност од страната на Северна Македонија, туку повеќе гледаме еден вид на загадувачки процес од страна на бугарските власти, вели Штрик.

Според неа, бугарската блокада на Северна Македонија претставува ризик за нарушување на кредибилитетот на ЕУ како во земјава, така и регионот.

– Тие треба да ја имаат таа перспектива и ние треба да испорачаме, заклучува Штрик.

„ЕУ Обсервер“ потестува дека земјава потроши децении на решавање на спорот за името со Грција, по што во 2018 двете држави го постигнаа Договорот од Преспа, со што се расчисти патот за старт на преговорите на Северна Макеоднија за членство во ЕУ.

– Перспективите на Северна Македонија за членство беа поттикнати на почетокот на минатата година со одлуката на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Но, Бугарија во ноември стави вето на старт на преговорите, предизвикувајќи нова криза, за која критичарите оценуват дека претставува игра во рацете на националистите, додава „ЕУ Обсервер“.

Изданието пренесува и изјава на висок претставник од Владата во Скопје, кој вели дека спорот со Бугарија е посложен отколку оној за името со Грција.

– Со Бугарија се чини помалку конкретен, но е покомплициран – само затоа што е помалку конкретен, изјавил македонскиот владин претставник, кој побрал анонимност.

Според него, доколку нема напредок во пристапниот процес на Северна Македонија, тоа може негативно да се одрази и врз другите земји во регионот, како што се Србија и Босна и Херцеговина, кои може да отстапат од решавање на сопствените проблеми.

– Она што се случува изгледа како бескрајна приказна. Што и да направиме, никогаш не е доволно, додал тој во изјавата за „ЕУ Обсервер“.

Изданието потенцира дека Европскиот парламент денеска треба да се изјасни за Извештајот за напредокот на Северна Македонија на патот кон Европската унија, потсетувајќи дека неколкумина левичарски европратеници поднеосоа Амандман на текстот во кој се бара бугарските власти да престанат со „провокативни изјави“ кон земјава и во исто време се поздравува „зрелиот и избалансиран одговор на Северна Македонија“ на нападите од страна на Бугарија.

извор: МИА

Next Post
Фото: ЈПДП

Пролетва треба да продолжи изградбата на првата фаза од патот Градско-Прилеп

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk