ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Адмирал Бурк: Северна Македонија обезбедува значителен придонес за НАТО

March 26, 2021 15:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија имаше одличен почеток на членството во НАТО и обезбедува значителни придонеси за Алијансата, изјави денеска командантот на Сојузничката команда на здружените сили на НАТО во Неапол, адмирал Роберт Бурк, кој престојува во посета на земјава по повод првата годишнина од нејзиното членството во Алијансата и затворањето на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје.

– Многу работи се случија за многу кратко време и мора да бидете прецизни. Многу работа е вложена за да бидете сигурни дека сето тоа што е совршено планирано и навистина треба да биде совршено реализирано, што и се случи, бидејќи Северна Македонија имаше одличен почеток и обезбедува значителни придонеси за Алијансата, истакна адмиралот Бурк на зедничката прес-конференција со министерската за одбрана Радмила Шекеринска, одржана по нивната средба.

Адмиралот Бурк средбата со министерката Шекеринска ја оценика како продуктивна, посочувајќи дека разговарале за заеднички постигнувања и дека му претставува чест што утре ќе присуствува на церемонијата на првата годишнина од членството на земјава во НАТО.

Тој истакна дека затворањето на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје е горчливо-сладок момент, како и дека ќе му недостасува соработката со колегите.

– Ние го прославуваме затворањето на канцеларијата, затоа што тоа го одбележува успешното завршување на мисијата на Канцеларијата, бидејќи Северна Македонија веќе стана полноправна членка на НАТО, додаде Бурк.

Адмиралот Бурк се заблагодари за придонесот на Северна Македонија кон Алијансата и волјата да се изнајдат многу начини да се придонесе за реализација на целите на Алијансата.

Министерката за одбрана Шекеринска, од своја страна, истакна дека на средбата се обврзува оти Северна Македонија „ќе даде сериозен рамноправен придонес во максимата на Алијансата“.

Северна Македонија како членка на Алијансата додаде нова вредност на значењето на НАТО за безбедноста во нашиот регион, со учество директно во силите на КФОР во Косово, кои се токму под капата на сојузничката команда во Неапол, посочи таа.

Шекеринска додаде дека експертизата и посветеноста на сите членови на тимот на Канцеларијата за врски на НАТО во изминатите две децении беа од огромна полза за одбраната, Армијата и државата. Таа додаде дека заедничката мисија во изминатите години веќе е успешна, а затворањето на Канцеларијата за врски означува успешно завршена работа.

– Северна Македонија е сојузник кој може да се развива и да придонесе кон колективна безбедност на Алијансата, нагласи Шекеринска.

извор: МИА

Next Post

Спасовски-Филипче: Приоритетно вакцинирање на полициските службеници

НАЈНОВО

Пад на каматите на кредитите, раст на каматите на депозитите во септември

November 3, 2025
Фото: МИА

Кривична постапка за организирање борби со кучиња во битолско

November 3, 2025

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk