„Во моментов работиме од Штип кон Неготино, Прилеп и Битола и имаме голем процент завршено, годинава ќе биде целосно завршен овој крак, втор крак од Скопје кон Тетово и Гостивар и верувам до крајот на годината и овој ќе биде готов, значи над 160 километри гасоводи ќе имаме. Го правиме со брза динамика. Паралелно со тоа се завршени проектите за поврзување со Грција, од Неготино кон Гевгелија, и ќе се поврземе со Грција, кон Бугарија пртокот ни е обезбеден. Од Битола потоа одиме кон Ресен и Охрид, а од Гостивар кон Кичево, па кон Охрид и да затвориме еден прстен низ целата држава, а ќе го поврземе и Велес. Нема да застанеме, се со цел компелтно да ги затвориме овие два крака, како главни и после одиме на споредните.“- објасни министерот за транспорт и врски, Благојчо Бочварски, во „Топ тема“ на Телма, зборувајќи за владините инвестиции во гасоводната мрежа.
„Ако не е конкурентен овој енергенс тогаш не би се ни вложувале толку во гасоводната мрежа. Целиот регион инвестира во овој сектор. Ќе ги поврземе институциите, градинките, школите, да имаме заштеди за да правиме реконструкција на тие објекти. Секако и домаќинствата ќе може да се приклучат ако сакаат. Компаниите ќе станат поконкуретни ако имаат поевтин енергенс.“- дополни Бочварски.





