„Ние денеска фомиравме комисија за надзор врз објектот Парк во Охрид, да видиме како е дадено одобрение за градење, дали се почитувале постапките, конкретно за овој предмет е комисијата. Ако имаме потреба од инспекции ќе ги повикаме, да ја видиме реално состојбата, тоа значи двостепена контрола ќе извршиме. Ингеренциите за овој објект се на општина Охрид, затоа ние сега ќе пристапиме да го разгледаме предметот. Никој нема да биде оштетен, односно секој што направил грешка, ако има грешка во постапката, ќе одговара. Паралелно задолжена е и општина Охрид уште еднаш да го провери предметот и да ја извести владата.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благојчо Бочварски, во „Топ тема“ на телевизија Телма.
Дополни дека според закон имаат право да извршат надзор за одредена парцела, одредена градба и од тој аспект, без разлика кој од која партија е, мора да се провери случајот стручно и објективно.