ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Со исполнување на мерките од Планот се зголемува транспарентноста на општините, се подобруваат услугите за граѓаните

March 26, 2021 17:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, во Кочани, одржа работен состанок со градоначалникот на Кочани  Николчо Илијев, на којшто присуствуваа регионалниот координатор на канцеларијата на Обединети нации за борба со дрога и криминал,  Вирџинија Меркез, координаторот на проектна канцеларија на Обединети нации за борба со дрога и криминал во Скопје, Бил Вуд и преставници од општина Кочани.

На состанокот беа  презентирани мерките од усвоениот План за борба против корупција, со посебен акцент на оние мерки со кои е опфатена локалната самоуправа. Вицепремиерот Николовски посочи дека Планот содржи нови начини и соодветни механизми за спречување и искоренување на корупцијата,а во имплементацијата е неопходно активно да се вклучат сите чинители, вклучително и општините.

„Борбата против корупцијата и криминалот е заедничка, и затоа од исклучителна важност е во целиот процес да се вклучат сите чинители, вклучително и локалната самоуправа. Само заедно можеме да ја сузбиеме корупцијата.Редот, дисциплината и законот мора да важат за сите. Мора да бидеме држава во којашто системот функционира, а  тоа ќе постигнеме со сите овие механизми и политики од усвоениот План. Секој од нас што ја добил довербата од граѓаните треба да ја потврди, ние сме сервис на граѓаните и мора така да се однесуваме“, рече вицепремиерот Николовски.

При тоа ЗПВ Николовски појасни дека поради детектираните слабости во делот на комуникацијата помеѓу надлежните антокорупциски институции,независните тела, од почетокот на мандатот се воспостави пракса на редовна меѓуинституционална комуникација и размена на информации. Една од мерките што се презентираше на состанокот беше токму мерката за активно вклучување и поврзување на седумтте антикорупциски институции на платформата за Интероперабилност која обезбедува навремена размена на податоци по електронски пат, за предмети поврзани со корупција, што е важно за ефикасни и брзи резултати во решавањето на случаите за кои постои сомнеж за корупција.

Во однос на мерките со кои се опфатени општините, вицепремиерот Николовски појасни дека дел од предвидените мерки и активности општините треба директно да ги исполнат, а останатите се законски измени коишто ќе ја опфатат и локалната самоуправа.

На состанокот се разговараше за мерката од усвоениот План со којашто општините

треба да назначат овластено лице за прием на пријави доставени заради заштитено внатрешно пријавување согласно Законот за заштита на укажувачи. Во насока на подигање на свеста за препознавање на коруптивни дејствија и за пријавување на постоење на корупција,вицепремиерот информираше дека Планот предвидува активирање на систем за следење на предмети и преставки од граѓаните за ненавремено постапување на нивните барања и пријавување на корупција.

На состанокот беше презентирана мерката за подобрување на процесот на јавни набавки во локалната самоуправа, при што ЗПВ Николовски посочи дека општините треба да донесат интерни процедури за спроведувањето на постапките за јавни набавки и реализација на договорите и јавно да ги објават на своите веб страници, што ќе резултира со квалитетни, транспарентни процедури на јавни набавки и договори.

Со оглед на тоа дека во општинските јавни претпријатија има Управни одбори, вицепремиерот Николовски информираше дека со Планот за борба против корупцијата е предвидено намалување на бројот на членовите на управните одбори, условите за именување на членови во управни и надзорни одбори и нивна одговорност, висината на надоместокот да биде во согласност со одржаните седници.  Воедно беше посочено дека ќе им се препорача на општините да подготват годишна Антикорупциска програма, што крајно ќе резултира со воспоставување на ефикасен систем на мерки кои ќе овозможат превенција и борба со корупцијата.

Градоначалникот на општина Кочани, Илијев, порача дека за борбата против корупцијата потребно е јакнење и градење на јавната свест за целокупната одговорност, а граѓаните да пријавуваат доколку воочат случаи на корупција.

Регионалниот координатор на канцеларијата на Обединети нации за борба со дрога и криминал,  Меркез, наведе дека тесната поврзаност меѓу службениците и граѓаните претставува ризик за корупција и судир на интереси, па затоа за да може една локална самоуправа добро да се справи со корупцијата првично потребно е да направи анализа на ризиците кои се поврзани со работењето на општината , особено во делот на постапките за јавни набавки, издавањето на градежни дозволи , вработувањата во јавниот сектор и слично. Притоа да се изготви стратегија за јакнење на интегритетот на засегнатите страни. Меркез и Вуд потенцираа дека ги поддржуваат заложбите и новите политики на Владата против борбата против корупција.

Next Post

Денеска се регистрирани 1.422 нови случаи на Ковид 19

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk