ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Северна Македонија има значајно место во франкофонското семејство

March 26, 2021 13:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод обележувањето на 50-годишнината од основањето на Организацијата на франкофонијата, денеска заедно со амбасадорката на Романија во нашата земја, Адела Монија Аксинте ја отвори изложбата „50 години Франкофонија – поглед од Северна Македонија“.

– Оваа изложба преку автентични фотографии од архивите на Министерството за надворешни работи, Францускиот Институт во Скопје и други институции, ја покажува франкофонската традиција на нашата држава, местото и улогата на францускиот јазик во нашето општество, како и франкофонската култура, истакна Османи.

Тој рече дека фотографиите го покажуваат патот на Република Северна Македонија кон Франкофонијата и вложувањето во едно семејство, во кое се споделуваат истите вредности.

Османи, исто така, соопшти дека интернет-страницата на МНР е достапна и на француски јазик, што според него, сведочи за посветеноста на нашата држава кон промоција на тој јазик.

– Овој омаж на татковците-основачи на оваа престижна организација, која се залага за демократијата, слободата, за мирот, за солидарноста, но, исто така, се грижи и за заштита на културолошката различност. Северна Македонија има значајно место во франкофонското семејство од 2006 година, а францускиот јазик е дел од нашата историја и претставува неминовна иднина, рече Османи.

Романската амбасадорка Адела Монија Аксинте рече дека и е чест што присуствува на оваа изложба.

– Романија е 30 години членка на Франкофонијата и е нејзина регионален центар за Источна Европа. Романија активно учествува во клучните цели на оваа организација. Тоа значи, промовирање на францускиот јазик и културолошката и јазична разноликост, но и промовирање на демократијата, мирот, човековите права, солидарноста и поддршка на научното истражување, рече амбасадорката Аксинте, која додаде дека Романија развива широка програма за стипендии во франкофонски земји.

извор: МИА

Next Post

Секој обид за деблокада на институциите е добредојден, вели Османи

НАЈНОВО

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk